Стефанија Таневска и Ангелина Славески се двете добитнички на стипендиите за постдипломски студии на конкурсот што беше објавен од страна на компанијата ОКТА во мај годинава.Студентките ќе ја имаат привилегијата да ги продолжат своите студии на Универзитетот на Пиреја и Техничкиот Универзитет на Крит, со кои што Хеленик Петролеум Групацијата, на која припаѓа ОКТА, склучи тригодишен договор за соработка. Со оваа иницијатива Групацијата додели вкупно 25 стипендии на студенти во секоја земја каде е присутна (Грција, Кипар, Црна Гора, Бугарија, Србија и Македонија). Покрај платените студии, на двете студентки компанијата ОКТА им додели и дополнителна стипендија, за трошоци за живот во вредност од 1000 евра месечно за секоја.
Стефанија Таневска е правник по професија, а следното образовно ниво ќе го продолжи на постдипломските студии по енергетика, право и економија на Универзитетот на Пиреја. Ангелина Славески e дипломиран технолог, а својата доедукација ќе ја реализира на постдипломските студии по нафтено инженерство на Факултетот за инженерство на минерални ресурси на Техничкиот универзитет на Крит.
Како дел од општествено одговорните практики, ОКТА продолжува да вложува во една од најзначајните сфери на заедницата, а тоа е градење квалификувани кадри и зајакнување на интелектуалните капацитети во земјава.Студентките ќе ја имаат привилегијата да ги продолжат своите студии на Универзитетот на Пиреја и Техничкиот Универзитет на Крит, со кои ш