Македонски тим растури во „џиу џица“: 4 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медали!!!

„НАЈДОБАР ТИМ НА EAST EUROPE BJJ OPEN 2013 со освоени 4 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медали !!!“… вака гласи насловот на „thestrongest.mk“, нешто што македонската спортска јавност мора да го забележи и да го поздрави секако.
За што станува збор?
Македонскиот тим е најдобар тим на Источна Европа на БЏЏ Опен 2013, со освоени 4 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медали.
Како што се вели во текстот на сајтот „секоја упорна работа на крајот се вреднува“…
16 млади упорни спортисти на кого бразилската џиу џица им е дел од животот, изминатиов викенд го освоија најпрестожното на еден турнир, прво место за најдобар тим.
Македонскиот тим бил дел од 8 финални борби од кои освоил 4 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медал. Вкупно во поредокот нашиот тим освоил 65 поени, второто место го зазел тимот од Австрија со 54 поени.
Златни медали освоија…
1. Давид Ровчанин
2. Мики Смиљковиќ
3. Стефан Пецевски
4. Никола Костадиновски
Сребрени медали освоија…
1. Владимир Величков
2. Никола Петрески
3. Александар Заткоски
4. Стефан Митров
Бронзени медали освоија…
1. Менка Стојанова
2. Селма Биберовиќ
3. Андреј Петушевски
4. Борис Гичев
5. Давид Ровчанин (апсолутна категорија)

Извор/Фото/Видео: www.thestrongest.mk„НАЈДОБАР ТИМ НА EAST EUROPE BJJ OPEN 2013 со освоени 4 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медали !!!“… вак

Пронајдете не на следниве мрежи: