Македонскиот Културен Центар во Канада изрази протест кон неодамнешните случувања во Република Македонија и бара да се стави крај на политичката криза.Политичката криза негативно влијае на македонските интереси и го наруши имиџот на нашата сакана Македонија, наведуваат тие во соопштението.
-Оттаму повикуваме на заедништво и сложеност помеѓу Македонците, за воедно бараме да се спроведат избори на 5 јуни кој ќе овозможат народот да ја даде поддршката за онаа партија за која смета дека најдобро ќе ја води нашата држава. Само преку легитимен избор може да се практицира власт и демократија и да се спречи понатамошното нарушување на имиџот, културното наследство, културните споменици во Македонија на кои ние се гордееме и со полно срце ги презентираме во Канада, се вели во соопштението на Македонскиот Културен Центар во Канада.Политичката криза негативно влијае на македонските интереси и го наруши имиџот на нашата сакана Македонија, наведуваат тие во соопштението.
Пронајдете не на следниве мрежи: