МАКЕДОНСКИОТ РУБИКОН

Македонија избираше. Во еден мирен сончев ден 11-ти Декември 2016-та, граѓаните и селаните, бањатите и оние што чекаа ефтина струја, и тие со 500 евра плата и оние со 200, и каурите и шиптарите, и шуто и она шо боде, се излезе на избори.Одзив рекорден, изборен ден стандардно мирен, победникот ист. И сеа шо праиме? – би рекол еден наш малку подзаборавен транзициски јунак кои се одзиваше на името Бранко Црвенковски а пола и повеќе држава го ословуваше со неговите иницијали. Валидна дилема. ВМРО не го доби бројот што го посакуваше а СДСМ не ја оправда инвестицијата. Кај СДСМ џокерот во ракав, „тивкиот партнер“ стори се за да за да ја извади „фирмата“ од стечај но повторно со горчлив вкус во устата уште во понеделникот почна да се шуња по административни ходници за да извади бар реми за коњот на кој се кладеше. Вмро пак со старата и веќе излитена реторика, народот ова, народот она, на дисциплина работа и роварење по терен извади резултат за нив рамен на 63 само кисел, со оглед на околностите и развојот на изборниот ден. И? Се реши кризата? Ма не сме ни блиску пријатели мои.
Што научивме од овие избори? Што е она што само партиски послушник или дресиран мајмун не може да го видат а боде очи? Одиме по ред и мораме да бидеме искрени. Првата поента е токму резултатот. ВМРО победи пак. Повторно со горе-долу очекуваниот квантум на гласови. Заев изјави дека изборите биле фер, демократски, мирни. Навистина беше така. Лично очекував кршења кутии накај 16.00 по првата темница, ситни инциденти и закачки кои би го компромитирале процесот пред неговиот крај и тоа претежно за ПР цели на губитникот но тоа не се случи. Моја грешка. Да се вратиме на ВМРО. Тие си ги земаа стандардните од последниве 3-4 години 450.000 + гласови но сега со амин од сите инволвирани за и околу изборите. Признанието на Заев кое го споменав погоре е само шлаг на изборната победа на ВМРО. Мала? ДА. Заслужена? Дефинитивно. НО! Секогаш има едно но нели? НО овој пат победата не им ја донесе ниту кампањата, ниту телефонскиот именик кој тие нагалено го нарекуваат програма ( алудирам на обемноста и големината) ни патишта, ни субвенции, ни градби ни плати ни ништо од стандардниот арсенал. Овој пат победата им ја донесе оправдано уплашениот македонски народ.
Шизофрените тези и изјави на ЗАЕВ само ја потпалија решителноста која ја имаше кај дел од популацијата да не му дозволи на овој политички шарлатан да седне на највисоката раководна функција во извршната власт. Ако тоа нему не му е јасно, на нас треба да ни биде јасно. ВМРО од друга страна не се буни, си ја исполни квотата и тие нема да ја врзат главата дали тоа било од страв или од визијата на македонскиот гласач или од задоволството од досегашниот начин на водење на работите. Второ нешто што покажа изборниот резултат на ВМРО е дека по сите прочистувања, мантри за фантоми, слики во избирачките списоци, спрејови на палец, рекорден број странски набљудувачи, посебни списоци и што ли уште не и плус регулација на медиуми, Јанко и Миленко замолчани прават емисии за вакцини и патеписи, контрола и казни на телевизиите,делењето на рекламниот простор одмерено и исто – сето тоа резултираше со само 25.000 гласови помалку на контото на владеачката партија по 2 години интензивна црна кампања против нив од повеќе страни.
Да се потсетиме. 2014-та кога се беше нефер, кога се полнеле кутии, па приказните за Пустеци, смешките на Радмила за 15,000 гласови правилно расподелени по земјата носеле не знам колку пратеници, па лажни лични карти, тралалајки и волшебни еднорози кои полнеле кутии за ВМРО. Сето тоа падна во вода, излезе лага. Не дека не знаевме но…. ете. 2014-та беа 485.000 или 63 пратенички места а 2016-та 457.000 гласови со 12 пратенички места помалку. Значи ништо од тезите на СДСМ. Раскринкани за секогаш. Од друга страна се „истурија“ 90.000 гласови на контото на СДСМ во средини каде што претходно не можеле да дојдат ни до 9000. Тоа кажува многу. СДСМ би сакал ние сите да веруваме дека Заев никогаш не ветил ниту албански јазик од градинка и на цела територија, ниту кантонизација ниту менување на устав. Сам си кажа човекот, по телевизии, семинари и советувања по албанската дијаспора. Луѓе можеби се прашуваат зошто се истрча со изјавите, прво  да ги добиеше изборите со помош на гласовите од албанското подземје па потоа ќе исполнуваше. Но тоа е наивно да се помисли. Секој со бар една здрава хемисфера на мозокот знае дека албанците ништо не прават без гаранција а јавните настапи со федералистичко лингвистичките тези беа само капар, гаранција за оние кои требаа да му ги донесат гласовите на терен, гаранција со која ќе го убедуваат крутото албанско гласачко тело да гласа за некој кој ќе им донесе бенефит за националистичко/сепаратистичката агенда. Тие гласови Заев и СДСМ ги добија сега и никогаш повеќе – и во случај да испорачаат и во случај да не испорачаат со разлика само во епилогот за контракторите. Да сум Заев- би се загрижил, всушност вчера го гледав на пресот како се обидува да објасни како тоа во неделата во 22.00 победил а сега си ја обжалува сопствената победа и бара реми но – Заев си е тоа. И се додека при пишувањето на неговото име, аутокоректот не ми реагира, опасноста од неговата политичка проституција останува. Се плашам да ги предвидам неговите реакции кога за два дена ќе му ги соопштат конечните резултати – идентични со прелиминарните. Се плашам од ново заложништво на Македонија благодарение на неспособноста, елитизмот и клиентелизмот на комплетното раководство на ова out of date полтронска партија која грчевито се бори да му угоди на новиот Господар и неговите стратешки играрии комплетно ставајќи го под нозе и понижувајќи го сопствениот народ. Но тоа си е нивно бреме, нивни товар. Лихвата која ја зедоа од албанското подземје заедно со нивниот господар ќе си ја плаќаат сами иако во овие три пост изборни денови гледам дека се трудат очајнички сопствениот долг да го префрлат на народот, тој да го плати и гори за нивните гревови. Нема да им успее. Но, рековме вистина нели?
А вистината е дека за оваа ситуација во која сме денес не е виновен само Заев. За танго се потребни двајца. Груевски тука ја одигра исто така својата улога. Да, водеше, беше машкото во тангото но тоа денес му е слаба утеха. Нај големиот грев, грешка, за која не гледам дека се труди да ја исправи е неговата технократска наивност. Од каде да почнам. Груевски уште од почетокот на своето патешествие во политиката се труди да игра според правилата, според кодекс. Тоа донесе иновација во почетните години, изненадување и одобрување но тогаш УДБА/ЦИА инсталациите сеуште беа во неверица, во snooze mode, неорганизирани и некоординирани. Не треба да си атомски физичар за да знаеш дека на Верушевски му е местото секаде, само не покрај опрема за прислушување. Груевски ова го знаеше, но наивно веруваше дека што знам, дека Веруш ќе види дека тој е добар човек кој ја сака својата земја и народ и ќе му каже браво? Дај не заебавај. Нерасчистувањето со такви колосални инсталации, такви вградени системски грешки еден ден ќе го чини. Тоа требаше да се реши итно и паралелно со сите реформи, проекти, градби и субвенции. Но Груевски или го игнорираше или беше презафатен да  го види. Во секој случај – на негова душа е и затоа сме денес овде. Наместо да го пресече гангренозното стапало колку и да боли, тој се обиде да го мачка со маст од баба Рада и сега цела нога е зафатена.  Понатаму тој згреши што се обиде да им се допадне на сите. Неможна работа. Затоа од 2006-та до денес по институциите и во администрацијата, на отворени конкурси му се напикаа луѓе кои до 16.00 часот седеа на 25 метри од неговиот кабинет слушајќи бомби со отворена канцелариска врата на најсилно, за по 16.00 да слезат пред врата и му пеат дека Шутка не му бега. Се тоа на државен трошок. А во сопствената база, талентирани и паметни деца ги шуткаа неокомунистите кај ќе стигнат. Тоа боли. Болеше и кога ги гледаа земјоделците кои се блиски до СДСМ како од орање со вол преминале на орање со три субвенционирани трактори и на телевизија цитираат тиради за „режимот“. Болеше и кога луѓе што до вчера цртаа шупи, земаа милионски проекти за фабрики за да се појавуваат на попладневни матинеа на бихачка…. И така натаму. Да тој се обиде да даде работа на сите, без двоење но ги подзаборави своите, малите, искрените а под нос му се пикаа маалски партиски шерифи кои направија повеќе штета од ќар. Да, носат гласови – но ефектот е на долгорочно ниво фатален. Се трудеше Груевски да направи национална агенда а интензитетот со кој се трудеше да направи што е можно повеќе на што е можно повеќе локации – не му се исплатеше. Така дојдовме до стадиум во кој дава 100 милиони евра годишно за апарати во здравството а да му го тријат од нос прокиснатиот кров на амбуланта во Свирипичино. Истите оние доктори кои ги наградуваше и праќаше по светот на специјализации. Парата не лечи се. Кај албанците посебно. Тоа е лекција што Заев наскоро ќе ја научи а Груевски се надевам дека веќе ја има во главата. Груевски заборави дека освен пари, простории, вработувања и шанси – на партискиот рбет, на малите луѓе, понекогаш повеќе им значи љубовта, топлината. Се опкружи со неокомунистички кадри и заборави на најмалите. Искрено – имаше полни раце работа но тоа не е изговор. И на крај во сета своја систематичност дозволи килава лустрација во која дознавме кој кодошел за истите да ни се перчат од судници, професорски катедри и докторски ординации за илјадници евра плата. И тоа болеше. А односот беше ист. Како кога имаш 15 деца во соба а 3 се бесни а ти на крај на сите им делиш чоколадо ама на најбесните повеќе зошто истрошиле повеќе калории со беснеењето. Јас сум за професионална администрација но тоа е тешко остварливо без чистењето на имплантите на кои единствена директива им е да ставаат кочници на реформите и да си го зачуваат столчето.
Би можел вака цел ден, не дека сум препаметен туку затоа што сум надвор. Надвор од институциите, не сум на државна цицка. Од страна се по јасни работите. И треба да има такви како мене кои ќе укажуваат добронамерно на гличовите во матриксот но треба и некој да ја голтне гордоста и да не слуша. Во меѓувреме, Заев почна сам да го игра своето последно танго сакајќи да не убеди дека поразот е победа а победениот треба да составува влада. На толку кристално чисти избори веќе и изговорите му се смешни но тоа е човек со долг, човек коцкар, човек кој не му е грижа како ќе се вика земјата со која фиктивно ќе владее. Заев е хигиенска влошка што кога ќе биде искористена ќе си го најде сопственото место во кантата на историјата. Но нашиот Македонски рубикон е сега. Мислеа и се надеваа дека во овие 25 години ќе имплодираме, ќе се самоуништиме, ќе се самоукинеме. Македонија не беше планирана за држава на прагот на 2017-та година. Но еве не, тука сме и пречиме. Пречиме на нечија агенда на нечии болни планови а единствениот грев ни е што постоиме и што сме независни, суверени и горди луѓе. Ќе пробаат да не избришат но дали ќе успеат зависи само од нас, од нашата желба за преживување и спремноста да ги извалкаме рацете и да го откорнеме плевелот од нашата бавча. Златниот тикет со кој не лажеше господинот прв претседател Киро Глигоров, држава без капка крв, без мака без војна без пот, а се препишуваше на нашата космичка мудрост – го изгубивме 2001-ва. Дали ќе ја зачуваме Македонија или ќе му ја спакуваме на Заев за да ја даде на подарок на волшебникот во заминување, зависи само од нас. Ќе треба пот и валканици. 40 јебени дена.  Јас, во сопствено име и името на сите кои го делат мојот идеал, сум подготвен. Да го преминеме нашиот рубикон, да си создадеме функционална праведна, слободна, независна и суверена држава. Онаа која мислевме дека ќе замижат и ќе ни ја подарат без мака. Јас сум ПОДГОТВЕН, КОЈ Е СО МЕНЕ?
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !!!
Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичарОдзив рекорден, изборен ден стандардно мирен,

Пронајдете не на следниве мрежи: