Македонските фанови на Ибраими „ИЗДБРИБЛАНИ“ од дното на македонското спортско новинарство?!

Насловот кажува се, се чини дека во обид да се дојде до клик-плус не се бира начин и средства, па така македонските спортски редакции пласираа сторија во јавноста дека Ибраими гестикулирал „Обединета Македонија“ со својата рака, што е апсолутна невистина и класичен „ДРИБЛИНГ“ за македонските фанови на Ибраими, кои дефинитивно во овој случај се злоупотребени.
„Алсат“ веќе излезе со свое гледиште и поблиска релација со вистинската сторија од овој настан за што реагира дека станува збор за тотална измислица и преминување на сите граници.
За што станува збор…
Агим Ибраими, најдобриот македонски фудбалер, пред одигрувањето на Супер купот во Словенија, каде неговиот тим Марибор играше против Олимпија, биле со останатите играчи на отворање на кафе-бар, па така покрај многуте фанови на Марибор, се нашол еден кој гестикулирал дека Марибор ќе победи со три гола во мрежата на Олимпија, додека пак Ибраими прифатил и ја дал реакцијата која по се изгледа дека погрешно беше разбрана за Македонската јавност. Поголемиот дел од македонските медиуми, претежно спортски редакции, ПОВТОРУВАМЕ, СПОРТСКИ РЕДАКЦИИ, пренесоа дека Ибраими наводно гестикулирал за „Обединета Македонија“.
Она што е сигурно во целата ситуација е тоа дека Агим Ибраими никогаш не се вметнува во вакви лавиринти кои кружат низ нашите социјални мрежи, Ибраими е прифатен од речиси сите македонски љубители на репрезентацијата како голем идол кој секогаш срцето го остава на терен за Македонија, секогаш апелира на заедништво, сплотеност и тимски дух кога станува збор за Македонската фудбалска репрезентација, па останува прашањето на кого му одговара нарушување на сите овие претходно наведени факти?!
Нема дилеми, Агим Ибраими воопшто не е злоупотребен во овој случај, злоупотребени се македонските фанови на „македонскиот бисер балкански“ кои и во најтешките моменти на овој фудбалер застанаа зад него давајќи му масовна поддршка и аплауз за неговите пожртвувани игри за Македонија, ќе се сложиме сите големи фанови на Македонската фудбалска репрезентација, Ибра не го заслужи ова!!!Насловот кажува се, се чини дека во обид да се дојде до клик-плус не се бира начин и средства, па така македонските сп

Пронајдете не на следниве мрежи: