четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонските кошаркари победници на „Беко Суперкуп“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонските кошаркари победија на германскиот „Беко Суперкуп“. Македонија успеа да ја победи репрезентацијата на БиХ и да го освои првото место на пријателскиот куп кој се одржува во Германија.
Во првата четвртина Македонија не започна во најдобро светло, а негативата во стартот беше 9:3.  Веќе во продолжение, предводени од ефикасните Војдан и Дамјан Стојановски во нападот и Тодор Гечевски, кој беше одличен во одбраната успејавме да направиме пресврт на пауза да заминеме со +5 поени предност (15:20).
Во вториот дел, ефикасноста во нападот се намали на моменти и немавме добра одбрана што резултираше со топење на нашето водство од страна на босанските кошаркари кои успеаја, на полувремето да извлечат реми (41:41). 
Третата четвртина за нас, беше најкатастрофалната на овој натпревар. Немавме ефикасен напад, немавме добра одбрана и воедно, немавме лек за Дедовиќ и Телетовиќ и добивме она што го заслуживме – загубена четвртина со 10 поени разлика (29:19).
Во овој натпревар најефикасен македонски кошаркар беше Ѓорѓи Чековски, кој успеа да постигне дури 33 поена, а по него е Владо Илиевски кој постигна 20 поени. Зад него е Војдан Стојановски со 12 поени. 
Кај Босанците, најефикасни беа Телетовиќ со 21 поен и Дедовиќ со 18.
 
Со ваква игра македонските кошаркари покажаа дека се подготвени за престојното Европско првенство во кошарка кое ќе се одржи во Словенија од 4-ти септември. Македонија успеа да ја победи репрезентацијата на БиХ и да го освои првото место на пријателскиот куп кој се одржува во Германија.
Во

Поврзани вести