четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонските одбојкари повторно со сребро од Европската лига

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Одбојкарската репрезентација на Македонија трет пат во низ завршува како второпласирана во Европската лига.Македонските одбојкари и во третото свое финале се поразени, сега од Украина со 3:1 во сетови на завршниот турнир што се одржа во данскиот град Гентофе.
Украинците мечот го отворија во високо темпо, а како резултат на таквата игра беа и десетте поени разлика со кои го добија првиот сет 25-15.
Во вториот сет се водеше голема битка, која на крајот им припадна на Украинците со 25-22.
Тоа не ги поколеба нашите одбојкари да се откажат. Напротив тие не размислуваа да се предадат па и во третиот сет одиграа на високо ниво што резултираше со намалување на предноста на противникот на 1:2 откако го добија сетот со 26-24.
Во четвртиот сет црвено-жолтите влегоа дополнителни мотивирани, но сепак тоа не беше доволно да се скрши противникот кој го доби сетот со 25-13 за конечни 3:1.
Ова беше и единствениот пораз на Македонија  во ова издание на Европската лига кое го заврши со седум победни, но и овојпат недоволно да се освои златниот медал.
Во дуелот за 3.место одбојкарите на Шведска ја совладаа домашната репрезентација на Данска со 3:1 во сетови.
 Македонските одбојкари и во третото свое финале се поразени, сега од Украина со 3:1 во сетови на завршниот турнир што се одржа во данскиот град Ген

Поврзани вести