Македонските параолимпијци со успех: Наковска-Бикова се враќа со сребрен медал!

Во конкуренција на речиси истите учеснички што ќе ѝ бидат противнички и на Параолимписките игри во Рио, во септември, најдобрата од ПОИ „Лондон 2012″ во својата дисциплина беше само едно место подолу на пидесталот, зад Иранката Сарех Јаванмардидомани.Во последниот натпреварувачки ден на Меѓународно првенство во стрелаштво во Хановер, Германија, параолимпијката, Наковска-Бикова најнапред во квалификациите како првопласирана, со 378 круга влезе во финалето, каде што ги минуваше пречките.
Загуби само од нејзината стара конкурентка и добра пријателка Иранката Сарех Јаванмардидомани, која во финалето оствари 192,3 поени, а Оливера имаше 190,1 поени. И на третото место се пласира Иранка – Алиех Махмудикордхеили со 169,7 поени.
Во истата дисциплина, во конкуренција на мажи, Ванчо Каранфилов погоди солидни 554 круга, осум помалку од потребните за влез во финале.
Со тоа, вкупмниот ефект на македонските параолимпијци е еден сребрен медал поединечно, еден бронзен медал екипно и пласман во две финалиња. Постигнатите резултати беа над параолимписките норми.
Наковска-Бикова беше шеста и во спортски пиштол 50 метри, во која Македонија екипно беше трета.Во последниот натпреварувачки ден на Меѓународно првенство во стрелаштво во Хановер, Германија, параолимпијката, Наковска-Бикова најнапред во квали

Пронајдете не на следниве мрежи: