Македонските ракометари денеска ќе играат против Алжир

Денеска машката ракометна репрезентација на Македонија, ги стартува натпреварите на Медитеранските игри во Мерсин, Турција.
Во првиот свој настап на МИ, ракометарите за противник ќе ја имаат селекцијата на Алжир со која ќе играат во рамките од групата Б, во која за противници уште ќе ги имаат и репрезентациите на Италија, Србија и Турција. Натпреварот Македонија – Алжир ќе започне во 11 часот.
Во колективните спортови денеска на МИ настапи на уште три македонски репрезентации. Ракометарките кои вчера беа совладани од Хрватска, денеска од 10 часот и 30 минути во 2.коло од Б групата, ќе играат против репрезентацијата на Словенија.
Двете наши селекции кои пред два дена загубија во дуелите со италијанските репрезентации, денеска ќе имаат можност за проправен во натпреварите против Тунис. Одбојкарите својот натпревар против Тунис во 2.коло на групата Б ќе го започнат од 12 часот и 30 минути, а фудбалската селекција на Македонија против соодветната на Тунис ќе го игра натпреварот од последното 3. коло во групата Б (почеток 20:45 часот).
                                                                                                     Денеска машката ракометна репрезентација на Македонија, ги стартува натпреварите на Медитеранските игри во Мерсин, Тур

Пронајдете не на следниве мрежи: