Македонските ракометари работат со полна пареа

Ракометната репрезентација на Македонија вчера попладне ги продолжи подготовките за Светското првенство во Катар.Селекторот Ивица Обрван и во следните неколку дена ќе работи со сите повикани играчи (21), а кои 18 ќе заминат на турнирот во Франција и потоа за Катар ќе се реши по тренинзите што ќе се одржуваат следниве денови истотака во СЦ „Јане Сандански“.
По двата натпревара со Израел одиграни во првиот дел од подготовките македонската репрезентација до настапот на ракометниот Мундијал ќе одигра уште два натпревара на турнирот во Нант. На 9.јануари противник на Македонија ќе биде Алжир, а следниот ден нашата селекција ќе игра против Франција или Аргентина, пренесе МИА.
Првиот натпревар на шампионатот во Катар, Македонија го игра на 16.јануари против Тунис. Токму нашиот прв ривал вечерва игра пријателски натпревар на турнир во Швајцарија против репрезентацијата на Белорусија.Селекторот Ивица Обрван и во следните неколку дена ќе работи со сите повикани играчи (21), а кои 18 ќе заминат на турнирот во Франција и потоа за К

Пронајдете не на следниве мрежи: