Преставници на Државна лотарија на Македонија имаа убава прилика да се запознаат со добитникот на рекордната премија 7ка вредна фантастични 22.601.966,50 денари.Станува збор човек кој е дел од многубројно среќно семејство, кој сакаше да остане анонимен. По насмевките на целата смејсна екипа, ние заклучивме дека добивката е во вистински раце, па веруваме дека добиената сум навистина ќе им помогне да си го променат својот живот на подобро.
-Инаку нашиот среќен играч е долгогодишен лото играч. Тој секогаш уплаќал бројки по сопствен избор, освен во последнава ситуација која му беше добитна. За прв пат уплатил 6 комбинации со квик пик- бројките му ги избрал комјутер. Уплатил 6 комбинации по 15 денари со вкупна уплата 90 денари , а токму првата била добитна, додека во останатите комбинации нема ниту една друга добивка. Нашиот среќен добитник своето среќно Новолото ливче го уплатил во продажното место Алберто А во скопски Чаир, велат од Државната лотарија.
Само за потсетување, оваа рекордна премија, по неполна година, се реализираше во месец март. Според статистиките на Државна лотарија на Македонија ова досега е рекордна вредност на најпосакуваната премија, 7ката е вредна над 365 илјади евра или фантастични 22.601.966,50 денари. Премијата беше извлечена во 18тото коло на Новолото, емитувано на 01.03.14 од 20ч. на Сител
Државна лотарија на Македонија на 03.05.2010, во 20:00 часот на ТВ Сител го реализираше извлекувањето на првото коло на играта на среќа НовоЛото 7/34. Од првото емитување, досега успеавме со богатите премии да ги радуваме сите наши играчи. Посебно најсреќните. На 16 март лани, го добивме 5тиот по ред добитник на премијата 7ка вредна 17.383.421,50 денари Според нашиот компјутерски систем , добитникот своето НОВОЛОТО ливче го уплатил во Скопје. Претходно, 4те среќни добитници ги добивме во 2010, 2011 и 2012. Токму првиот ден од март оваа 2014 го заведуваме како ден со најновата, досега рекордна премија 7ка.
Првата 7ка од почеток на приредувањето на играта на среќа НовоЛото 7/34 (23.04.2010), падна на 10ти мај 2011, во 37-мото коло и вредеше 344 000 евра. Практично, првата седумка падна за 13 месеци од приредувањето на оваа игра на среќа. Затоа пак следните две премии 7ка се случија за мошне краток временски период. Втората седумка се случи за неполни пет месеци по првата, а 86то коло ја донесе третата 7ка на НовоЛото, вредна 7.777.777 денари. 2011та година се покажа како очигледно среќна и за македонските играчи на игрите на среќа и за приредувачот – Државна лотарија на Македонија. Ова е прв случај во историјата на лото игри приредувани во нашата земја, главната премија да доаѓа со ваква динамика. Имено 7ката за 6 месеци три пати ги посети македонските играчи. Првата вредна 344.000 евра (во Мај – 37мо коло), втората 100.000 евра (септември – 77мо коло), третата приближно 130.000 евра, или 7.777.777 денари (октомври – 86то коло). На првата 7ка и беше потребно повеќе од една година да ги израдува играчите, за разлика од третата која како одвај да дочека да помине еден месец, или поточно, од втората седумка добиена во 77мото коло не делат само 9 кола. Интересно беше што дури трите големи премии не носеа кон Битола. Имено, првите среќни броеви беа уплатени во продажното место – Студио Гина, вторите во киоскот Тобако, иако од играч од друг град, а третите во продажно место на Никофон, сите во Битола. Да не го заборавиме и 4тиот добитник на седумка. Уплата беше извршена во уплатното место Венмарк во Свети Николе. Нашиот среќен добитник уплатил 4 комбинации по 15 за 60 денари и тоа точно на 30 јуни 2012. Неговата добивка беше вредна 275.000 евра.
Дамите добитнички на премијата 7ка, одлучија да го откријат својот идентитет пред јавноста. Прва тоа го стори Риса Димова, добитникчката од Битола на третата 7ка од играта на среќа НовоЛото 7/34. Таа својот идентитет на јавноста и го откри како гостинка на Игор Џамбазов во емисијата Џамбо Бинго. Другата дама е Даниела Тасева Цветкова- добитничката на 7ката во Ново Лото 7/34. Таа својот идентитет пред медиумите го откри на отворање на Втората младинска куќа на СОС Детското село во Бардовци. Таму на иницијатива на Државна лотарија на Македонија се обезбедија мебел и бела техника, како и други електрични апарати во вредност од над 11.000 евра за младите во оваа куќа да можат да го почнат својот живот.
Покрај вредните премии 7ка, досега играчите на Новолото 7/34 се радуваа и на други добивки.
Според статистиката на Државна лотарија на Македонија, по Скопје, град кој најмногу игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип.
Извор:kurir.mkСтанува збор човек кој е дел од многубројно среќно семејство, кој сакаше да остане анонимен. По насмевките на целата смејсна екипа, ние заклучивме