Макфакс со Андроид апликација

Пазарот за андроид апликации е збогатен за уште една апликација на македонски јазик. Станува збор за апликација на новинската агенција Макфакс преку која се достапни содржините од сајтот на вашиот уред.
Апликацијата е наменета за уреди со Андроид 4.0 или повисока верзија.
Освен одличниот изглед и листањето на статиите во 3D приказ – кој што е прв од ваков тип поставен на Андроид во Македонија, апликацијата ги има и следниве опции:- Историја на прочитани вести;- Добивање на push нотификации за вести од одредена или сите категории и- Додавање вести во категорија Омилени кои што може подоцна да ги читате повторно без пребарување низ сајтот.
Од Макфакс велат дека се мошне задоволни од апликацијата и очекуваат нови корисници на дневна основа, како и позитивни или негативни коментари на Google Market (Play Store), кои се добредојдени за да се подобрат во нивната работа и да бидат уште поблиски до крајните корисници.
Апликацијата може да ја симнете од Play Store тука.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Пазарот за андроид апликации е збогатен за уште една апликација на македонски јазик. Станува збор за апликација на нов

Пронајдете не на следниве мрежи: