Максималната камата да се пресметува најмногу до висината на главниот долг

Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ, партија која е во коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, предлага промени во законот за извршување, кои според неговите зборови ќе донесат подобар живот за граѓаните.-Ние предлагаме законската затезна камата согласно член 268-а од законот за облигации, каде што за одредена категорија на должничко-доверителски односи, во случајот кога имаме давател на услуга Комуналец, Телеком, ЕВН, Водостопанство, кога е должник граѓанско лице да максимално се пресметува камата најмногу во висина на главниот долг и тоа да важи за сите постапки како и тие што се сега во тек на извршување и нормално во иднина, изјави Минов.
Тој кажа дека моментално се води постапки за наплата на побарувања на водостопанствени компании, кои сега се под стечај или веќе не постојат, а граѓаните за сметки од 1.000 денари стари 15 години, треба да платат од 7 до 15 илјади денари трошоци на извршителите. Тој кажа дека ќе се побара промена и во т.н. вонсудска наплата.
-Тоа е една форма на наплата која не е присилна, не е по однос на надлежностите на извршителот да извршува налози за извршување до банка, за блокирање на трансакциони сметки, до вршење попис и продажба на подвижни предмети, до административна наплата на плата или пензија итн. За сметките за вода, струја, телефон обавезно да се информира должникот, да знае дека го има тој долг и да се повика да го исплати, а ако тоа не го направи, во тој случај да следува преку извршетилот, не преку гореспоменатите начини за извршување, кои што многу граѓани и нивните фамилии ги доведоа до егзистенцијален колапс, дури да земаат кредити да  си ги испалатат трошоците. Во ваков случај за да се избегнат судските трошоци, трошоците за адвокат, за нотар да се изврши вонсудска наплата, изјави Минов.
Минов кажа дека за законот имаат аргументираност и дека се надева дека од сите пратенички групи ќе биде изгласан законот. Според него тој закон ќе им помогне на повеќе од 250.000 граѓани и ќе им донесе благодет и подобар живот.-Ние предлагаме законската затезна камата согласно член 268-а од законот за облигации, каде што за одредена категорија на должничко-доверител

Пронајдете не на следниве мрежи: