Малата плата е опасна за срцето

Луѓето со ниски примања се изложени на поголем ризик од висок крвен притисок, со што се зголемуваат шансите за развој на здравствени проблеми како срцеви заболувања и инфаркт.Научниците истражувале податоци за здравјето на пет илјади луѓе на возраст меѓу 25 и 65 години. На почетокот на истражувањето тие имале низок крвен притисок и немале проблем со срцето. Истражувањето траеше шест години.Во овој период стручњаците утврдиле дека кај луѓето со ниски примања е зголемено  нивото на крвен притисок. Особено се изразени срцевите проблеми кај жените на возраст меѓу 25 и 44 години.Луѓето со ниски примања се повеќе склони на стрес, што го зголемува ризикот од проблеми. Еден начин за ублажување на непријатните симптоми е долгиот сон меѓу 7 и 8 часа.Истражувачите советуваат луѓето со низок личен доход да слушаат класична музика и да јадат банани што се богати со калиум.
МакфаксЛуѓето со ниски примања се изложени на поголем ризик од висок крвен притисок, со што се зголемуваат шансите за развој

Пронајдете не на следниве мрежи: