Малата штитеничка од „25 Мај“ ја продавале за цена од по 700 денари

Кога полицијата го пронашла 12-годишното девојче од „25 Мај“, кое било во бегство, пред старателот и инспекторот за малолетничка деликвенција изјавила дека ја нашле на место каде давала сексуални услуги.Според заменикот народен правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа во евидентниот лист од разговорот стои дека таа имала сексуален однос со петмина мажи за цена од по 700 денари.
Вели дека во врска со овој случај затаиле сите институции.
-За тоа дека девојчето е во постојано бегство се знаело од денот кога таа е донесена во установата во декември 2016 година. Установата пријавувала, го известила старателот, Центарот за социјална работа дека има штитеник кој е во постојано бегство. И тука затаиле контролата и исполнувањето на улогата да се седне, тимски да се работи со детето – посочува Бајрамовска Мустафа во интервју за МИА.
Според неа секој орган ја префрла вината на другиот.
-„Моето заврши со тоа што пријавив“. Меѓутоа во пракса штетната последица ја има детето, затоа што дојде до ситуација со неполни 13 години да абортира – посочува таа.
Според податоците на Народниот правобранител има случај кога малолетничка од „25 Мај“ од можни 781 дена додека живеела таму, само 36 дена била во установата. Во друг случај, пак, девојче било 44 дена присутно во установата, а 770 дена во бегство.
-Народниот правобранител има сознанија дека ова не е единствен и изолиран случај, дека многу често малолетни штитеници од установи пристапуваат на прекинување на бременост или се решаваат да бидат мајки во мали години кога се уште не знаат каква е обврската на родителството. А тоа е пред се поради фактот што во установите нема кој да ги подучува, со нив не се разговара за улогата на родителството – вели.
Таа ја лоцира одговорноста пред се во установите за згрижување, затоа што, вели, работата не завршува со тоа што ќе пријават дека девојчињата исчезнале, или со тоа што ќе им укажат на последиците кои ќе настанат доколку влезат во сексуален однос.
-Децата имаат слободно време на претек, немаат никакви активности. Сместувањето во јавна установа се сведува на давање храна и покрив за главата. Стручната работа не ја гледаме – додава Бајрамовска Мустафа.Според заменикот народен правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа во евидентниот лист од разговорот стои дека таа имала сексуален однос со петмина

Пронајдете не на следниве мрежи: