Несреќната азиска компанија се мачела со губитоците и пред 2014 година, но сега навистина се наоѓа на колена. Вредноста им опаднала за скоро 40%, продажбата на картите и повеќе од тоа, а брендот и репутацијата веројатно им се трајно уништени. Како ќе излезат од оваа состојба, дали наредната година воопшто ќе постојат?Денес само најхрабрите се осмелуваат да влезат во авионите на најбаксузната компанија на планетата. Претставниците од компанијата потврдија дека продажбата на картите им опаднала драматично по несреќата во март. Познато е дека продажбата во Кина (каде што имаат најмногу патници), паднала за 60%.
Компанијата со години се борела со губитоците и со конкуренцијата, но не била во состојба да ја зголеми цената на своите карти. Губитоците од неколку стотини милиони долари, прераснале на 1,4 милијарди.
Мартовскиот „аперкат“ го вклучило ѕвоното за алармот, а украинската катастрофа веројатно ќе биде нокаутот за нив. Аналитичарите се уверени дека патниците ќе бидат обесхрабрени да ги користат нивните услуги, но и дека компанијата ќе претрпи уште поголеми загуби било што и да направи.
„Никогаш нема да ја вратат големината која ја имаа“, вели Мохшин Азиз, авијациски аналитичар од Куала Лумпур.
Сега сѐ зависи од малезиската влада, која е сопственик на мнозинскиот дел од акциите на оваа компанија и која вложила многу труд, енергија, пари и емоции во нејзината изградба, со желба да стане играч од светски калибар кој ќе се натпреварува со светските превозници. Постојат назнаки дека се расположени да ја продадат компанијата, иако нагласуваат дека разгледуваат и други опции.
Интересен е фактот што во меѓувреме почна да расте вредноста на „Сингапур ерлајнс“, како и на хонгконгшкиот „Катај пацифик“.
Уште една работа, дали оваа компанија е искористена за да се предизвика воен конфликт?
Интригирачки е фактот дека по уривањето на авионот, еден странски сајт веднаш објави дека Русите го урнале авионот и тоа пред да се најдат црните кутии и да почне официјалната истрага.
Ако сте поборник на теориите на заговор, секако дека нема да поверувате дека ваквите две катастрофи кои се случиле една по друга, дека се случајност.
Денес само најхрабрите се осмелуваат да влезат во авионите на најбаксузната компанија на планетата. Претставниците од компанијата потврдија дека пр