Авион од типот „Ербас 330-300“ на летот од Куала Лумпур за Инчун во Јужна Кореја, во реонот над Јужното Кинеско Море се соочил со проблеми со генераторот за снабдување на струја.Во „Ербасот 330-300“ со 271 патник екипажот не успеал да се справи со проблемите во леталото, па затоа биле принудени авионот да го слетаат на аеродромот во Хонг Конг.
Откако леталото безбедно слетало на непланираната дестинација во Хонг Конг, леталото останало без струја, а патниците извесно време седело во авионот пред да добијат дозвола да го напуштат авионот.
Хонгоншике власти сметаат дека се работи за проблеми со генераторот за снабдување на струја.
– Сите помисливме дека ни нема спас, кога членовите на екипажот ни објаснија оти поради дефекет на авионот, ќе мораме принудно да се спуштиме. Ни рекоа да ги ставиме на себе појасите за спасување,затоа што авионот ќе атерира на морската површина – вели една британска патничка.
Оваа патничка опиша дека прво се слушнале некакви „необични звуци“ во кабината на авионот, а потоа „чудно крцкање“ по што кабината останала без светло.
Авионот безбедно слетал во Хонг Конг, но сепак чуди фактот што „Малезија ерлајнс“ за кратко време два пати има проблеми со своите авиони. За исчезнатиот „Боинг 777“ се уште нема конечни вести.
Авионот „Ербас 330-300“ може да понесе 440 патници и е поголем од „Боингот 777“ кој максимално може да прими 365 патници.Во „Ербасот 330-300“ со 271 патник екипажот не успеал да се справи со проблемите во леталото, па затоа биле принудени авионот да го сле