Совршен појадок, но одлично ќе се вклопат и на менито за разни забави Состојки:
500гр лиснато тесто
150гр шунка
150гр кашкавал
1 јајце
Кечап по потреба
Зачини
Подготовка:
Одмрзнете го лиснатото тесто, развлечете кора со дебелина од 2 мм и исечете ја на коцки. Во средината на секоја коцка стиснете круг со чаша и избоцкајте го тестото со вилушка на повеќе места.
Секој круг намачкајте го со кечап
Шунката и кашкавалот исецкајте ги на коцки и редете ги на тестото врз кечапот.
Коцките наредете ги во тавче обложено со хартија за печење, премачкајте го делот од тестото без фил со изматено јајце и посолете со оригано и копар.
Печете во загреана рерна на 200 степени 20-ина минутиСостојки:
500гр лиснато тесто
150гр шунка
150гр кашкавал
1 јајце
Кечап по потреба