Македонската асоцијација на новинари (МАН), задружение со наголем број легитимирани новинари во Македонија со внимание и трпение ја следи дебатата која се води по повод гостувањето на политичарот, претседател на СДСМ Зоран Заев во ТВ Дневник на Сител, кај уредникот и новинар Драган Павловиќ Латас.во продолжение интегрален текст од соопштението на МАН
Изразуваме потполна поддршка на медиумот ТВ Сител за поканата на претседателот на СДСМ Зоран Заев, и на уредникот на ТВ Дневникот Драган Павловиќ Латас за инсистирањето да не дозволи политичар, гостин во Дневникот да го води разговорот наместо него, да одбегнува прашања кои му се поставуваат и да наметне свои теми кои ги користи за напад, омаловажување и навреди на медиумот и новинарот служејќи се притоа и со фалсификувани документи за кои уследи демант наредниот ден.
Го прифаќаме правото на свој став на ЗНМ и Агенцијата за аудиовизуелни услуги кои го квалификуваа настапот на новинарот како арогантен, навредлив и провокативен. Патем, ниту еднаш не посочија пример за своите ставови и судови.
Но, ги прашуваме ЗНМ и Агенцијата за медиуми – која е суштината и намената на нивното постоење: да бранат политичар од новинар, или обратно. Ако имаат намера да ги штитат политичарите од јавна и законска одговорност кога новинар им презентира документи за нивна корупција, и не дозволува навреди кон медиумот и себе лично, тогаш тие две институции треба да се нарекуваат Агенција за заштита на политичари и Здружение за заштита на политичари, без медиумски и новинарски префикс во името.
Доколку намената на Агенцијата за медиуми е заштита на политичари соочени со докази за корупциja и криминал, најавуваме дека ќе го повлечеме нашиот член од Советот на Агенцијата за аудиовизуелни услуги бидејќи таму нема да има работа за него.
Вчера видовме гостување на Радмила Шеќеринска, потпретседател на СДСМ со истите намери во Дневникот на Канал 5 која, за разлика од Зоран Заев во Сител, успеа прописно повеќе пати да ја навреди водителката и медиумот, која отворено се мешаше во уредувачката политика и успеа да наметне свој судски процес на медиумот и новинарите среде ТВ Дневник на Канал 5.
Тоа е спротивно на било кој принцип за однесување кон медиум од страна на политичар, во било која држава во Европа како и во САД. Патем, појаснува и кои се целите на СДСМ за донесување нивни, партиски закон за медиуми. Да бидат судии и цензори.
Амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав и на САД, Џес Бејли по гостувањето на Зоран Заев во Сител изнеса ставови дека не се задоволни од балансираноста на интервјуто. Доколку е тоа нивни личен став, како на гледачи, тогаш се е во ред. Но доколку е тоа службен став на нивните институции тоа е дипломатски притисок врз медиум и мешање во уредувачката политика, како и заземање страна во корист на една политичка партија и нејзин лидер.
Зачудува како амбасадорите не се заинтересирани за злоуптребата и коруптивното работење на Зоран Заев, за што стана збор во тоа интервју, а Заев бегаше од одговори. Пред кусо време, амбасадорот на САД, Бејли објави на Твитер: политичарите се должни да одговараат на прашањата на новинарите. Но, за Зоран Заев тоа не важи.
Цениме дека целата хајка, која почнува од дипломатските твитери, а продолжува со соросоидните медиуми и нивните тролови кои под лажни профили даваат коментари на Фејсбук и интерент е со цел да се изврши притисок, и да се наметне Законот за медиуми кој го предлага СДСМ, а промовира и поддржува посредникот Питер Ванхауте.
Во тој закон, според виденото и во оваа прилика, новинарите треба да молчат и гледаат како политичар ги чечерчи и им суди во сопствена емисија, а новинарот не смее да прашува и наметнува теми за кои политичарот треба да одговара.
На новинарите таков закон не им е потребен.во продолжение интегрален текст од соопштението на МАН
Изразуваме потполна поддршка на медиумот ТВ Сител за поканата на претседателот на СД