Мандела се уште е во тешка здравствена состојба

Јужноафриканскиот нобеловец Нелсон Мандела се уште е во тешка здравствена состојба во болницата Преториа.
Состојбата на бившиот претседател на Јужноафриканската Република, Нелсон Мендела се влоши во последните 36 часа. Тој е надгледуван од доктори кои прават сè што е во нивна моќ за да му помогнат.
„Нема да лажам, не изгледа добро. Но, ако му зборуваме тој се обидува да одговори отварајќи ги очите.Тој е сеуште тука,“ изјави керката на 94 годишниот активист против Апартхејдот, кој се уште е свесен и реагира на допир.
Поранешниот претседател беше хоспитализиран минатиот месец со белодробна инфекција. Неговата здравствена состојба се влоши во неделата поради што актуелниот претседател Јакоб Зума откажа патување во странство. Американскиот претседател Барак Обама рече дека Мандела е херој за светот чие влијание ќе остане со години.
Австралискиот министер, Гери Греј, на вечера организирана во зградата на парламентот во Австралија изјавил дека  легендарниот борец против апартхејдот е мртов, по што оваа вест беше објавена во голем број светски медиуми.
„Безрезервно се извинувам и длабоко жалам поради тоа што пренесов нешто за што мислев дека е сигурна информација“, изјавил Греј.
Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република Нелсон Мандела (94) денеска сеуште е во критична здравствена состојба. Јужноафриканскиот нобеловец Нелсон Мандела се уште е во тешка здравствена состојба во болницата Преториа.

Пронајдете не на следниве мрежи: