По повод големиот христијански празник ,,Св. Кирил и Методиј”, денот на сесловенските просветители и втемелувачи на словенската писменост и патрон на град Ресен, денес во организација на ресенското здружение на пензионери, се одржа празнично чествување-веселба, на над 400 пензионери од цела Република Македонија.Манифестацијата, која годинава се одржува по втор пат во нашата општина, според зборовите на претседателката на Здружението на пензионери од Ресен, Костадина Барандовска, треба да премине во традиција, со цел, зближување и меѓусебна соработка на пензионерските здруженија од државава. На свеченоста беше присутен и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија, г. Драги Аргировски, кој ја искористи приликата да ги поздрави присутните и да го изрази своето задоволство од досегашната соработка со ресенското, како и со останатите пензионерски здруженија од републиката.
Во име на домакинот, Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски, честитајќи им го големиот православен христијански празник ,,Св. Кирил и Методиј”, го изрази своето нескриено задоволство што Ресен и Преспа стануваат дел од една богата и интересна традиција, најавувајќи го следниот сличен настан кој на крајот на идниот месец треба да се одржи тука во нашата општина-традиционалните спортски игри на пензионерите од целата држава. Манифестацијата се одржа во велелепниот амбиент на ново отворениот ресторан ,,Милениум” во Ресен.Манифестацијата, која годинава се одржува по втор пат во нашата општина, според зборовите на претседателката на Здружението на пензионери од Ресен,