Мапа на Европа до 2035 година: Голема Албанија со дел од Македонија

Руски експерти направиле мапа на новата Европа, односно на границите на државите до 2035-та година. Нивни советници биле Збигњев Бжежински, поранешен советник на некогашниот американски претседател Џими Картер и писателот Семјуел Хантигтон. Тие користеле и извори од ЦИА и руската воено-разунавачка служба ГРУ.
Според нив, Балканот го чекаат големи промени во следните 20 години. Според оваа група, Македонија ќе го изгуби својот западен на дел во корист на Голема Алабанија, Србија ќе ја изгуби Војводина, а Босна ќе биде поделена меѓу Хрватска и Србија.
Предвидуваат и промени во другиот дел на Европа: Шкотска ќе се одвои од Велика Британија, Ирска ќе се обедини, Каталонците и Баските ќе се одвојат од Шпанија, а на југот на Франција ќе се формира исламска држава. Областа Лорен ќе се приклучи на Германија, Белгија ќе се распадне со тоа што Фламанците ќе се приклучат на Холандија, Италија ќе се распадне на два дела, со тоа што Сицилија и Сардинија ќе прогласат независност…

Пронајдете не на следниве мрежи: