Мапа од пеколот: Погледнете каде се наоѓаат сите 17.000 нуклеарни бомби!

Иако Израел никогаш официјално не призна дека има А-програма, Американците дефинитивно ја негираат нивната изјава и велат дека имаат докази за тоа.САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја имаат околу 17.000 парчиња нуклеарно оружје, се наведува во последната проценка од Центарот за контрола и неширење на оружјето.
Хирошима бил првиот град врз кој е фрлена А-бомба; тоа беше направено од страна на САД во 08:15 часот, на 6 август 1945 година, потсетува Бизнис инсајдер.
Нагасаки е вториот град врз кој е извршен нуклеарен напад; нападот повторно беше извршен од САД, на 9 август 1945 година. Се проценува дека само детонацијата убила 40.000 луѓе, а подоцна илјадници страдале од радијација.

 
Еве уште неколку „нуклеарни занимливости“:
– Израел до ден денес нема признаено дека поседува нуклеарна програма. Меѓутоа, американските разузнавачки служби веруваат дека Израел има 80 нуклеарни боеви глави.
– Западот е уверен дека Иран развива програма за атомско наоружување и дека за тоа е задолжен Мохсен Фахризадех, сивата еминенција на иранската армија.
– Сите пет декларирани нуклеарни сили: Русија, САД, Кина, Франција и Велика Британија или развиваат ново нуклеарно оружје, или се подготвуваат да го направат тоа, наведува Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (SIPRI).
– Иако Русија и САД го редуцираа својот нуклеарен арсенал во склад со Договорот за понатамошно намалување и ограничување на стратешкото оружје (нов START), дури 93% од оперативните нуклеарни глави е во нивен посед.
– САД и Русија се` уште ги држат своите нуклерани ракети во состојба на приправност и можат да ги лансираат во рок од неколку минути по издадената наредба. Од друга страна, Кина и Пакистан во складиште ги држат своите нуклеарни ракети.
САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја имаат околу 17.000 парчиња нуклеарно оружје, се наведува в

Пронајдете не на следниве мрежи: