Ако Антарктик навистина бил поодалечен на север отколку што е сега и ако не бил прекриен со мраз до пред 6000 година п.н.е., тогаш кој во тоа време живеел на таа територија за да може да го забележи сето тоа на мапа пред сите можни цивилизации? И кој би можел да го направи тоа многу порано пред измислувањето на морскиот хронометар во 18. век – кој конечно го реши проблемот со точното следење на географските должини на високите мориња?Ако конвенционалното знаење за човечката историја е точно, тогаш човечката цивилизација не е доволно стара, ниту пак била доволно напредна за да ѝ се припишат многу мистериозни монолитски и археолошки наоѓалишта ширум светот.
Местата како Гобекли Тепе во Турција, босанските пирамиди и Адамовиот календар во јужна Африка, го поставуваат истото прашање: ако човечката цивилизација наводно не е доволно стара за да ги создаде овие места, тогаш кој или што имаше доволно капацитети за да направи толку детални градби ширум светот?
Јасно е дека нашето разбирање за историјата е нецелосно и дека постојат многу уверливи докази кои посочуваат дека на Земјата постоеле интелигентни и цивилизирани култури уште пред да се појави човечката култура на Блискиот Исток околу 4.000 година п.н.е.
Мапата на адмиралот Пири Рајс од 1513 година, е дел од појавувањето на покомплетната приказна за нашата култура, која и тоа како предизвикува пошироко сфаќање на работите.
Правењето мапи е сложен и комплициран процес, а се смета дека правењето мапи за прв пат се појавило во 1000 година п.н.е., со вавилонските глинени табли. Антарктик официјално за прв пат беше забележан на руска експедиција во 1820 година и во целост бил прекриен со ледена површина за која се смета дека се формирала пред околу 34-45 милиони години.
Од таа причина, Антарктик не можел да се појави на мапата пред 1820 година, а сите мапи на кои е претставен би требало да имаат означени ледени полови кои се стари неколку милиони години.
Мапата на светот која ја направил отоманскиот картограф и воен адмирал Пири Рајс, предизвикува извесни сомневања за тоа што навистина знаеме за древните цивилизации.
Мапата на Пири Рајс, која се фокусира на западна Африка, источниот брег на Јужна Америка и северниот брег на Антарктикот, содржи детали за кои историчарите и геолозите велат дека е Земја на кралицата Мод, т.е. Антарктик.
Неверојатно, на оваа мапа ледениот континент не е прекриен со ледена површина, туку со густа вегетација.
Парадоксите на оваа мапа немале поголемо значење сѐ додека Чарлс Хапгуд, професор по историја од Њу Хемпшир во САД, не рекол дека информациите од мапата на Пири Рајс содржат поинаков поглед кон геологијата и древната историја. Хапгуд верувал дека мапата ја потврдила неговата светска геолошка теорија, која објаснува дека големи делови од Антарктикот можеле да не бидат покриени со мраз до околу 4000 година п.н.е.
Без сомневање, мапата не е никаква измама, бидејќи беше потврдено дека е автентична, но информациите кои се прикажани на неа се за проверка. Самиот Пири Рајс спомнува дека мапата е нацртана според информациите од постари мапи, графици и записи, од кои голем дел се копирани и препишувани уште пред уништувањето на Александриската библиотека во Египет – со кое биле уништени огромни количества на литература и културно знаење.
Во 1960 година, Хапгуд ја изнел својата теорија на претставници од воздухопловството на САД. Одговорот го изненадил:
„…географските детали кои се прикажани во долниот дел на мапата, неверојатно добро се поклопуваат со сеизмичкиот профил кој го направи шведско-британската антарктичка експедиција во 1949 година.
Тоа значи дека брегот бил мапиран уште пред да биде прекриен со мраз.
Ледената површина во овој регион сега е дебела околу 1,5 километри.
Немаме поим како податоците од оваа мапа би можеле да се вклопат со географското знаење во 1513 година.
Харлод З. Олмаер, потполковник, командант на USAF.“
Ако теоријата на Хапгуд вреди, тогап постоел временски период од околу 13000-6000 година п.н.е., кога Антарктик бил поблиску до екваторот и затоа таму владеела тропска клима, како и во деловите на Јужна Америка.
Ова било предизвикано со ненадејната промена на Земјината литосфера, вели Хапгурд, која во комбинација со поместувањето на сите континенти на нивната денешна позиција ја даде сегашната местопложба на континентите.
Дали Земјата веќе била мапирана во 4.000 п.н.е. од страна на некоја цивилизација која е заборавена, како што тврдат теориите на Пири Рајс и Чарлс Хапгурд?Ако конвенционалното знаење за човечката историја е точно, тогаш човечката цивилизација не е доволно стара, ниту пак била доволно напредна за да ѝ