Марјан 22 дена бил кај двајца браќа, најверојатно Роми, во нивната куќа во белградската населба Бежанијска Коса. Едниот, тој што го киднапирал, има само 19 години.Тоа што го поминавме овие три недели ни на најголемиот душман не му го посакувам, вели со солзи во очите Среќко Станојевиќ, татко на Марјан (17), момчето со оштетен вид кое на 25 април исчезна од пред ГТЦ каде што собираше пари за операција на очите.
Додека го пиевме утринското кафе, Среќко едвај успева да ги скрие емоциите – измешани чувства на среќа, страв, желба да го стигне правдата оној што му го киднапира единственото дете… Стискајќи го синот до себе, таткото на Марјан раскажува приказна што е неверојатна, како на филм… од моментите кога очајно го барал низ Белград, па сè до синоќа, кога се симнаа од автобусот на меѓуградската станица во Скопје.
Потрагата по Марјан траеше 22 дена.
– Откога исчезна, прво ни јавија дека го виделе во Ресен. Бевме таму, не го најдовме. Излезе дека таа информација не е вистина. После, од нашата полиција ни рекоа дека се качил во автобус на „Ниш експрес“ и заминал за Србија. Од македонската амбасада ни јавија дека е можеби во Белград. Чекав неколку дена, други вести немаше. Фатив автобус и отидов во Белград. Десетина дена седев таму. Српската полиција беше известена, но сам го барав. Потоа дојде и сопругата. Лепевме плакати, ги поминавме центарот на градот, Калемегдан, парковите. Залудно – раскажува Среќко.
Завчера добил повик од македонската амбасадорка во Белград. Му рекла дека детето е во Амбасадата, да отидат да го земат. Марјан цело време бил кај двајца браќа, најверојатно Роми, во нивната куќа во Белград, во населбата Бежанијска Коса. Едниот, тој што го киднапирал, има само 19 години. Идентитетот на двајцата, српската полиција треба дополнително да го провери. Тие сите овие денови го држеле во нивната куќа, му ги зеле парите, облеката, му ги скршиле очилата за да не може да избега и го терале да проси за нив. Ако одбиел или ако не им донел пари, го тепале.
– Кога го видовме во Амбасадата, што да ви кажам. Беше со стари алишта, смрдливи, ни долна облека немаше на себе. Сè му земале. Имаше модринки по телото. Марјан ни кажа дека во понеделникот успеал да избега од куќата. Стигнал до Ушче и таму го видела некоја постара госпоѓа. Ѝ изгледал чудно, видела дека не е Србин, викнала полиција. Од полиција се јавиле во Амбасадата, а тие нè повикаа нас. Го зедовме и синоќа си дојдовме дома – вели Среќко.
Сè уште е нејасно како Марјан, малолетен, сам со лична карта ги поминал и македонската и српската контрола на границата. Го пуштиле без никаков проблем.
Нејасно е и како успеал да извади пари од банка од сметката на татко му, без да ја има неговата лична карта. Извадил околу 9.000 денари и со нив тргнал кон Србија.
Родителите велат дека поради големото оштетување на видот, 80 отсто, изгубил ориентација, што му се случувало и порано, но го немало по еден ден, најмногу два. Да исчезне и да не се јави, никогаш порано не се случило.
Извор: Телеграф.мкТоа што го поминавме овие три недели ни на најголемиот душман не му го посакувам, вели со солзи во очите Среќко Станојевиќ, татко на Марјан (17), м