Мароканско ќофте во сос од домати- фин, егзотичен вкус!

Доколку  сакате да го  освежите своето мени и  да зготвите нешто  егзотично, пробајте го овој  рецепт за одлично  јадење од јунешко месо и  ароматични  зачини. Подготовката воопшто не е комплицирана.Состојки:
500гр мелено јунешко
Малку  сол
Црвен кромид
Чешне лук
½ лажица рендан ѓумбир
Лажичка црвен пипер
½ лажичка  мелен кориандер
Малку цимет
Сос:
600гр  домати  пелатги
200мл пасирани  домати
2 чешниња лук
Сол и бибер
Кромид
Лажица семе од коријандер
Магдонос
подготовка:
Во сад измешајте го месото со  половина ситно сецкан кромид и  иситнетиот лук. Додадете го ѓумбирот и зачинете, имзмешајте добро. Од смесата направете топчиња.
Иситнете го  семето. Другата половина од кромидот  исецкајте ја ситно. На масло испржете ги топчињата. Извадете ги од тава и  чувајте ги на топло.  На истото масло  пропржете ги  зачините и  додадете  ги лукот и кромидот.
Измешајте ги  пелатите и  пасираниот домат. Зачинете со сол, бибер и  по  потреба малку шеќер. Кога сосот  ќе зоврие, додадете ги   топчињата и  гответе уште околу 20 минути  на тивок оган. Посипете со  сецкан магдонос и послужете со  готвен булгур или кус кус.Состојки:
500гр мелено јунешко
Малку  сол
Црвен кромид
Чешне лук
½ лажица ренд

Пронајдете не на следниве мрежи: