На Јутјуб едвај 20 видеа имаат неверојатни милијарда прегледи, а меѓу нив е и 17. епизода од цртаниот филм „Маша и медо“.Епизодата наречена „Маша и каша“ е најпопуларното издание на руските креатори на култни приказни, а подеднакво ги воодушевува децата во Германија, Малезија, Австралија и Америка.
Иако не е сосема јасно поради што оваа 7-минутна епизода е толку популарна во однос на останатите 54, се знае дека на Јутјуб е поставена во јануари 2012 година и се наоѓа на 13. место на најпопуларните видеа на сите времиња.
Во цртаниот се раскажува за палавото девојче Маша и нејзиниот пријател и заштитник медо, пензиониран циркуски забавувач кој начесто испаѓа жртва на нејзините итроштини.
Во цртанот нема многу приказна, а сепак е преведен на 25 светски јазици.
Епизодата наречена „Маша и каша“ е најпопуларното издание на руските креатори на култни приказни, а подеднакво ги воодушевува децата во



