Масакр во Кенија: Неизвесна е судбината на 500 луѓе!

Најмалку 14 лица загинале и околу 30 се ранети, откако маскирани напаѓачи утринава влегле во кампусот на колеџот „Гарис“, во близина на кениско-сомалиската граница и земале засега непознат број на студенти како заложници.NBC пренесе дека судбината на околу 500 луѓе засега е неизвесна, а екстремистичката организација Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, ја презема одговорноста за нападот.
Наоружани напаѓачи упаднале во кампусот пред зора, пукајќи по случаен избор и најмалку 30 луѓе завршиле во болница со рани од огнено оружје, соопши кенискиот Црвен крст.
Полицијата и војската го опколија студентскиот град, каде што борбата со напаѓачите сѐ уште трае.
Не е познато колку студенти се држат како заложници, а од кенискиот Црвен крст беше соопштено дека 50 студенти биле ослободени.
Според информациите, екстремистите ги поделиле студентите на муслимани и на немуслимани, со тоа што муслиманите ги пуштаат на слобода.
Околу 15 муслимански студенти беа пуштени на слобода.NBC пренесе дека судбината на околу 500 луѓе засега е неизвесна, а екстремистичката организација Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, ја презема

Пронајдете не на следниве мрежи: