Масовни силувања на фестивали во Шведска: Јавноста го вперува прстот кон мигрантите?!

Минатиот викенд во Шведска беа одржани два музички фестивали кои, наместо по учесниците и добрата забава, ќе се паметат по најголемиот број масовни сексуални малтретирања.Полицијата од Карлстад објави дека примила 32 пријави за сексуално малтретирање во градот кој е на околу 300 километри од Стокхолм. Најмладата жртва на сексуално вознемирување имала 12 години. Полицијата, сепак, нагласува дека никој не пријавил силување, туку само непримерно однесување и допирање.
Шефот на полицијата од Нистром вели дека се идентификувани седум момчиња, а во Норкопинг не биле забележани толку случаи, но изгледа таму напаѓачите биле многу понасилни и поагресивни. Локалните медиуми пишуваат дека полицијата истражува пет случаи на силување и десетина на сексуален напад.
Британската група која настапувала во Норкопинг, „Мамфорд енд санс“, се заканила дека нема да го одржи вториот концерт доколку полицијата и организаторите не се погрижат да ги заштитат девојките.
Цела Шведска со право е шокирана, луѓето бараат итни одговори од полицијата, а се јави и шведскиот премиер Стефан Луфвен.
– Апсолутно неприфатлива ситуација. Сега е најважно полицијата и судот во мир да ја завршат работата и да ги фатат виновниците – рече шведскиот премиер.
Јавноста, како што се очекуваше, го вперува прстот во мигрантите и бегалците од Блискиот Исток и од Африка, но полицијата одбива да објави детали за осомничените.
Шведската полиција е под огромен притисок зашто во јануари беше откриен обид да се заташка уште еднен ваков случај – масовни силувања на музички фестивал пред една година. Случајот беше обелоденет неколку дена по дивеењето на прославата на Нова година во Келн.
Овој проблем го има и соседна Данска, и тоа на рок-фестивал на кој присуствувале дури 130.000 луѓе. Пријавени се пет случаи на силување, но полицијата смирува дека „тоа не е ништо драматично со оглед на бројот на луѓе што присуствувале на настанот“.Полицијата од Карлстад објави дека примила 32 пријави за сексуално малтретирање во градот кој е на околу 300 километри од Стокхолм. Најмладата

Пронајдете не на следниве мрежи: