Според научните студии, аспартамот може да предизвика многу штетни дејства, меѓу кои и тумор на мозокот, слепило и дури 90 други болести.
Според научните студии, аспартамот може да предизвика многу штетни дејства, меѓу кои и тумор на мозокот, слепило и дури 90 други болести
Аспартам или вештачкиот шеќер, иако одобрен од американскиот Завод за заштита на здравјето (ФДА) како безбеден додаток на храната, сепак, се’ повеќе истражувања покажуваат колку може да биде штетен врз здравјето на луѓето. Овој неенергетски синтетички интензивен засладувач – Л фенилаланин 1 метил естер, според научните студии, може да предизвика многу штетни дејства, меѓу кои и тумор на мозокот, слепило и дури 90 други болести. Со овие податоците научниците сакаат да го свртат вниманието на луѓето дека не знаејќи, со храната внесуваат и опасни материи во организмот.
Аспартамот денеска се користи во најмалку 6.000 производи. Продукти за дијабетичари, гуми за џвакање, нискокалорични пијалаци, чоколада, засладени инстант-кафиња, пудинзи, ладни чаеви, јогурти… се производи кои најчесто содржат аспартам, па се препорачува читање на декларацијата на амбалажата на производот и да се обрне внимание на засладувачот.
Во Европскиот систем на означување на прехранбените адитиви Е броеви го има кодот Е951. Дозволена дневна количина на аспартам во ЕУ е 40 микрограми на килограм телесна тежина.
Случајно откриена хемикалијаАспартамот е случајно откриен кога се испитувал лек против чир на желудник, а својата популарност ја стекнал поради тоа што е 180 пати посладок од шеќерот и има далеку помала енергетска вредност. Почнал да се користи во 1983 година во САД. Во 1984 година Американците консумирале над 3 милиони килограми аспартам. Неколку месеци од почетокот на користењето на аспартамот во САД се зголемил бројот на дијабетичари за 30 отсто, а бројот на болни од тумор на мозокот за 10 отсто. Од почетокот на користењето на аспартамот до 1988 година, бројот на тужби до ФДА во врска со додатокот на храна пораснал за 80 отсто и сите биле поврзани со производи што содржат аспартам.
Аспартамот деjствува на ниво на гени
Повеќе за ова прочитајте на mkd-news.comСпоред научните студии, аспартамот може да предизвика многу штетни дејства, меѓу кои и тумор на мозокот, слепило и дури 90 други болести
&n