Маж пропатувал 2800 километри со инвалидска количка!

Кинез, кој од 12 години е врзан за инвалидска количка, се претвори во прекрасен пример за здрав дух и следење на соништата покрај тешкотиите во животот.Кјуан Пенг (29), успеал да помине со инвалидска количка 2800 километри, вртејќи ги тркалата со соптвени раце. Сепак, тоа не е крај на патувањето во неговата татковина, бидејќи Пенг планира да пропатува уште 1700 километри!
Кјуан останал со парализирани нозе, откако на 17-годишна возраст претрпел операција за отстранување на тумор во 'рбетот. Но, тој сепак цврсто решил дека физичкиот проблем нема да го спречи да живее нормално.
Се преселил во Пекинг и започнал со работа во фирма кадешто се занимавал со нудење услуги на клиенти, а во слободно време водел онлајн продавница. Но, најголем сон му бил да ја обиколи родната Кина. Наместо инвалидската количка да го спречи да ужива во патувањата, таа станала неговиот верен другар и возило на патиштата низ земјата.
Младиот маж ја започнал големата авантура на 31 август 2014 година од Пекинг и стигнал до град Фужоу, откако поминал вкупно 2800 километри. Во тоа време, тој поминал низ пет провинции и 22 градови, вртејќи ги тркалата со раце. По првите 60 км искусил страшни болки во рамената, но не се откажал. Не недостасуваат и инциденти, па така пет пати досега паднал од количката.
При еден од овие случаи, Кјуан требало да се качи по угорнина, при што количката едноставно се превртела и почнала да се тркала надолу.
Разгледувањето на кинеските убавини не е единствената цел на Кјуан. Во градовите низ кои минува, тој внимателно истражува какви олеснувања се правени за луѓето во инвалидски колички како него. За жал, многу малку места биле адаптирани за луѓе во нерамноправна положба. Затоа, тој се надева дека ќе го привлече вниманието на властите кон овој проблем.
Сега е цврсто решен да продолжи со своето патување до градот Сања, што значи дека го очекуваат уште 1700 километарски авантури.Кјуан Пенг (29), успеал да помине со инвалидска количка 2800 километри, вртејќи ги тркалата со соптвени раце. Сепак, тоа не е крај на патување

Пронајдете не на следниве мрежи: