На прв поглед, ќе помислите дека Ричард Еванс е еден од најсреќните мажи на светот. Семејниот човек од Јута има 53 години, пет деца и е успешен писател.Милиони луѓе ги купуваат неговите романи.
Иако тој самиот никогаш не го признал тоа, тензиите меѓу него и сопругата биле толку големи, а скандалите толку чести, што немале друг избор освен да се разделат.
Прочитајте ја неговата исповед:
„Пред некое време ќерка ми, Џена, ми рече: `Кога бев мала, мојот најголем страв беше дека би можелe да се разведете. Потоа, кога наполнив 12, а вие се каравте постојано, почнав да мислам дека тоа ќе биде најдобро за сите нас`. Потоа, Џена ме погледна и се насмевна: `Мило ми е што успеавте да ги поправите работите меѓу вас`.
Со жена ми Кери се каравме со години. Кога гледам назад, не можам да се сетам како сето тоа започна, но очигледно карактерите не си одговараа особено. Колку повеќе време поминуваше, толку појасни и болни стануваа разликите меѓу нас. Проблемите се продлабочува. Скандалите зачестија толку што веќе ми беше мачно да замислам дека би можеле да живееме заедно без да се караме. Бевме на раб на развод и почесто почнавме да зборуваме за тоа.
Еднаш, за време на една од моите турнеи, повторно се скаравме сурово по телефон и Кери ми затвори. Бев сам, гневен и збунет. Во тоа време се свртев кон Бог. Или подобро кажано, почнав да му зборувам на Бог. Не знам дали може да се нaрече молитва или барање – но, што и да беше, нема да го заборавам. Стоев под тушот во хотелската соба и не можев да разберам зошто ми се случуваше сето тоа. Зошто требаше да е толку тешко со Кери да имаме нормални односи. Длабоко во себе знаев дека таа е добар човек. И јас бев добар човек. Тогаш зошто да не се разбираме?
Конечно, исцрпен и разочаран, седнав на подот во бањата и почнав да плачам. И од длабочините на мојот очај ми дојде инспирацијата. Не можеш да ја промениш, Рик. Можеш да се промениш само себе. Во овој момент почнав да се молам. Ако не можам да ја променам неа, Боже, тогаш треба да се менувам себе. Се молев до доцна во ноќта. Се молев и следниот ден по патот кон дома. Се молев и кога таа ми ја отвори вратата – студена жена која се однесува како едвај да се знаевме. Таа ноќ легнавме во кревет, не на сантиметри еден од друг, туку на километри оддалеченост. И одеднаш одговорот се појави пред мене. Веќе знаев што морав да направам…
Утрото, додека уште бевме во кревет, се приближив до неа и ја прашав:
– Како можам да ти го направам денот поубав?
Таа ме погледна луто: – Што?
– Како можам да направам денот да ти биде поубав?
– Не можеш, – одговори таа.
– Зошто прашуваш?
– Затоа што навистина го мислам тоа. Само сакам да знам што можам да направам за да биде денот да ти биде поубав.
Таа ме погледна цинично.
– Сакаш да направиш нешто? Оди и среди ја кујната.
Таа очигледно очекуваше да не го направам тоа. Наместо тоа, јас климнав со главата.
– Добро. Станав и ја средив кујната.
Следниот ден ја прашав истото:
– Како можам да направам денот да ти биде поубав?
Таа само лошо ме погледна.
– Исчисти ја гаражата.
Зедов длабоко воздух. Имав тежок ден и знаев дека намерно го побара тоа. Доживеав желба да и` се развикам.
Наместо тоа, реков само: – Добро.
Станав и следните два часа ја чистев гаражата.
Кери не беше сигурна што да мисли.
Дојде и следното утро.
– Како можам да ти го направам денот поубав?
– Не можеш. Едноставно не можеш! Престани да го повторуваш тоа!
– Жал ми е – реков јас. – Не не можам да престанам. Си ветив. Како можам да направам денот да ти биде поубав?
– Зошто го правиш тоа?
– Затоа што те сакам тебе и сакам нашиот брак да успее.
Следното утро ја прашав исто прашање. И наредното. И наредното. Тогаш, на втората недела, се случи чудо. Кога ја прашав истото, очите на Кери се наполнија со солзи. Таа се скрши и заплака. Кога повторно можеше да зборува, рече:
– Те молам, престани да ме прашуваш. Проблемот не е во тебе. Во мене е. Јас сум онаа со која е тешко да се живее. Не знам како воопшто се` уште си со мене.
Јас нежно ја подигнав нејзината брада и таа ме погледна во очите.
– Затоа те сакам. Како можам да направам денот да ти биде поубав?
Таа ја стави главата на моите гради.
– Жалам што бев толку зла.
– Те сакам, – реков.
– Те сакам, – одговори таа.
– Како можам да направам денот да ти биде поубав?
Таа ме погледна нежно: – Може ли едноставно да поминеме малку време заедно?
Се насмевнав… – Многу ќе ми биде пријатно.
Во следниот месец продолжив да го поставувам ова прашање. И работите навистина се променија. Скандалите престанаа. Тогаш Кери почна да ме прашува:
– Што можам да направам јас за тебе? Како можам да бидам добра сопруга?
Тогаш почнавме да водиме значајни разговори за тоа што сакавме од животот и како можеме да бидеме посреќни. Не можам да кажам дека повеќе не се скаравме. Но, се промени начинот на кој се каравме. Не само што се случуваше многу ретко, туку не и беше така жестоко, како порано. Со Кери денеска сме во брак повеќе од 30 години. И јас не само што ја сакам жена ми, таа ми се допаѓа. Ми се допаѓа да сум со неа. Ми треба да сум до неа. Научивме како да се грижиме еден за друг и нешто поважно – научивме како да се задржиме еден покрај друг.
Бракот не е лесна работа. Но, истото е и со тоа да си родител. Да имаш партнер во животот е прекрасен дар. Сфатив дека ова е прашање кое треба да го поставуваме на луѓето што ги сакаме: Како можам да направам денот да ти биде поубав? Ете тоа е љубовта. Во романтичните филмови и романите се зборува само за привлекувањето, но вистинската љубов не значи само да го сакаш човекот за себе, туку и да сакаш тој да биде среќен. Дури и ако за тоа понекогаш треба да ја жртвуваш сопствената среќа.
Вистинската љубов значи да ги прошириш границите на својата толеранција, грижливост и нежност. Да се обидуваш секој ден да му покажуваш на партнерот колку тој значи за тебе. Се` друго е само игра на егото, ова е поука за вистинската љубов…“Милиони луѓе ги купуваат неговите романи.
Иако тој самиот никогаш не го признал тоа, тензиите меѓу него и сопругата биле толку големи, а ск