Мажите лажат и се срамат од овие 7 работи…

Секако дека и мажите не се исклучок кога станува збор за комплекси, па и тие се оптеретуваат околу слични работи како и жените. Во продолжение следуваат најголемите машки комплекси, па погледнете што ќе сокрие Вашиот сакан од Вас или ќе се обиде вистината да ја спакува во малку поубаво пакување.Години 
Додека во тинејџерските години лажат за да освојат девојка, односно кажуваат дека се постари од тоа што се, а во 40 – те години, полека но сигурно стануваат 30!
Висина
Еден од најголемите комплекси е всушност висината. Мажите со понизок раст многу често се чувствуваат несигурно покрај прекрасните девојки со високи потпетици, па доколку Вашиот партнер е со приближна висина како Вашата, не претерувајте со високите потпетици.
Финансиска состојба
Автомобилите и парите се сон на речиси секој маж. Во денешно време, кога физичкиот изглед е попривлечен од внатрешната убавина, тешко е да се остане доследен на себе. Токму поради тоа, мажите се чувствуваат помоќно, доколку напоменат дека се финансиски ситуирани.
Козметика
Иако козметиката е женско подрачје, сè повеќе и повеќе мажи откриваат тајни за мазна, сјајна и миризлива кожа. Иако нема да Ви откријат, но многумина мажи би пробале разни производи за нега на лицето, телото и косата.
Килограми
Килограмите се секако нешто за што не сакаме да зборуваме, но слична ситуација е и со мажите. Истражувањата покажаа дека 60 % од мажите би ги намалиле килограмите, а 40 % би додале килограми, во зависност од комплексот за тежината.
Сексуална активност
Сексуалната моќ е многу силно оружје, посебно кога мажите разговараат меѓу себе. Токму поради тоа многу често во тие приказни се кажува и по некоја лага. Секако нема да кажат дека имаат завиден сексуален живот, отколку искрено да признае дека половина година не се случува ништо.
Големината на неговиот “пријател”
Ова подрачје е навистина непотребно да се објасни, бидејќи големината на половиот орган е комплекс на мажите уште од многу одамна. Сепак, големината не игра толку голема улога колку што е важен квалитетот, а тоа го потврдуваат жените.Години 
Додека во тинејџерските години лажат за да освојат девојка, односно кажуваат дека се постари од тоа што се, а во 40 – те годин

Пронајдете не на следниве мрежи: