Мажите сакаат да добијат комплимент, а со овие осум не можете да згрешите!

Секој од нас сака од време на време да добие комплимент. Тоа ни ја подига самодовербата, не прави посреќни и не тера напред. Но, дали некогаш сте се запрашале кои комплименти најмногу ги возбудуваат мажите?Мерлин Монро уште одамна рече дека мажот кој знае да ја насмее својата жена е семоќен, и тоа е апсолутно точно, но смислата за хумор е само една од особините со која момците се гордеат. Еве уште неколку комплименти што го подигаат егото на мажите и што треба почесто да им ги кажувате (се разбира, ако заслужиле):
-Никој не може да ме насмее како што ти можеш: Да повториме уште еднаш: Мажите го обожуваат фактот дека ни се смешни нивните шеги. Но, овој комплимент срочен на овој начин ќе му значи многу повеќе отколку едноставно да му кажете: „Смешен си“.
-Твоите совети навистина ми помагаат: Мажите сакаат да се чувствуваат силно, а ништо не им е подраго од фактот дека помогнале со совет. Вака ќе им дадете и до знаење дека навистина ги слушате кога нешто ви говорат.
-Си вежбал? Ми се допаѓа како изгледаш. Реално, секој од нас сака да добие комплимент на сметка на изгледот, па ни мажите не се исклучок. Пофалете ги нивните мускули или барем фактот дека се трудат да изгледаат добро.
-Ме палиш: Ова не треба да се дообјаснува. Ако ја искористите оваа реченица за време на предиграта, со тоа ќе му дадете до знаење дека она што го прави е добро, а сексот ќе биде уште подобар.

 
-Многу си добар во… Дури и ако се работи за правење сендвич, или пак играње фудбал, на вашиот маж многу ќе му значи ако му го дадете тоа до знаење.
-Со тебе се чувствувам сигурно: Дури и ако сакате да бидете независна жена што се прави сама, вашиот маж сака да слушне дека во некои моменти прави да се чувствувате најсигурни на светот, па дури и ако вие сте таа што ги убива пајаците во врската.
-Многу убаво се бакнуваш: Ова дефинитивно е класика со која не можете да згрешите.
-Пресреќна сум што имам вака паметна личност покрај себе: Со ова ќе ги купите, бидејќи ваква искрена реченица едноставно не може да помине незабележано.Мерлин Монро уште одамна рече дека мажот кој знае да ја насмее својата жена е семоќен, и тоа е апсолутно точно, но смислата за хумор е само една од

Пронајдете не на следниве мрежи: