Шансел Мбемба Мангулу игрa во одбраната на клубот Андерлехт, не дава често голови, а синоќешните погодоци му беа седми и осми во кариерата. Инаку, тој во Белгија е познат и по мистеријата на датумот на негово раѓање.Кога во 2012 година стана член на Андерлехт, клубот од неговото родно Конго ангажираше адвокати за да се избори за паричен надомест, бидејќи тој професионалната кариера ја почнал во нивните редови.
Сѐ ќе беше добро, ако во барањето не беше наведено дека Мбемба бил професионалец во клубот Ла Грас од 2006 година, кога според матичниот извод кој го донел во Белгија имал 12 години. Мбемба денес се води дека има 20 години, а во регистрацијата му пишува дека е роден на 8. август 1994 година. Истиот податок се наоѓа и во неговата регистрација за репрезентацијата на Конго во квалификациите за СП 2014.
Од клубот во Конго пристигнал документ според кој Мбемба е роден во 1988 година, а Африканската конфедерација која во квалификациите за Купот на нациите во 2012 година го води како играч роден на 30 ноември 1991 година.
Мемба според различните податоци има 20, неполни 23 или полни 26 години.Кога во 2012 година стана член на Андерлехт, клубот од неговото родно Конго ангажираше адвокати за да се избори за паричен надомест, бидејќи тој пр
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.