Одбојкарските двојки Мишонова/Сланчева од Бугарија, во женска конкуренција и Киковиќ/Баста од Србија, во машка конкуренција, ги освоија првите места на петтиот Меѓународен турнир во одбојка на песок „Скопје 2014“, што во изминативе три дена се одржуваше на игралиштата на Градската плажа „Парк“. На најдобрите одбојкарски двојки вчеравечер /27.07.2014 година/ медалите им ги додели претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.Второто место на овој турнир го заземаа двојките Шкариќ/Фрајтовиќ од Србија, во женска конкуренција и Хаџиев/Раев од Бугарија, во машка конкуренција. На третото место се пласираа двојките Ангелова/Динова од Бугарија, во женска конкуренција и Колев/Митев од Бугарија, во машка конкуренција.
Во турнирот учествуваа шеснаесет двојки во машка и осум двојки во женска конкуренција, од Македонија и од регионот, и тоа од Албанија, Србија, Бугарија, Црна Гора и од Хрватска.
Наградниот фонд изнесува 5.000 евра, по 2,5 илјади евра за двете конкуренции.
Градот Скопје е генерален покровител на овој турнир и преку Програмата за спорт Град Скопје од Буџетот издвојува 400.000 денари. Турнирот е во организација и реализација на Одбојкарската федерација на Македонија.
Традиционалниот меѓународен турнир во одбојка на песок се организира како дел од активностите за одбележување на 51-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година.Второто место на овој турнир го заземаа двојките Шкариќ/Фрајтовиќ од Србија, во женска конкуренција и Хаџиев/Раев од Бугарија, во машка конкуренциј