Изгледа дека многу работи се отидени во бестрага. Општеството ги загуби моралните вредности. Се случуваат морничави трагедии на млади луѓе, несовесно возење, насилство на спортските случувања, малолетни криминалци кои злоставуваат и ограбуваат постари луѓе…Од друга страна, масовно се промовира бесмисленоста – промоција на насилство, материјални нешта и порнографија (на социјалните мрежи има многу голи задници и гради), а сето тоа допринесува кон лудилото кое ги опфаќа сите општествени сегменти. Младите луѓе се жртви на сите тие кампањи.
На пример, една компанија во својата рекламна акција овие денови ги повикува младите да ги фотографираат своите тетоважи и пирсеви, а најдобрите (најлуди) како награда ќе добијат компјутерски игри, мобилен или некоја слична модерна и „престижна“ играчка.
Воопшто не би изненадило ниту да се појави акција за подарување на дигитални фотоапарати за натпревар кај тинејџерките за најдобар Селфи од задникот.
Скриената порака гласи: „Биди мајмун и прави како што ти се вели, а за возврат ќе добиеш награда.“ Во што е тука убавината, освен во психологијата на стадото – најдобрите овци, најдобро поминуваат?
Додуша, тоа е само тренд кој е еден од многуте кои се промовираат за целосно перење на мозоците.
Одвратното станува нормално, а порнографскиот дискурс во современата култура не ја гледаат само слепите луѓе. Идоли на младите се изведувачи кои јаваат на пениси на своите настапи, промовираат секс за една вечер, мртви пијани повраќаат по тротоарите… а, сето тоа се наведува како дел од работите кои едноставно мора да се направат пред да се наполнат 30 години (инаку не би се сметало дека ги проживеале најубавите години, онака како што би требало!?).
Ова е само дел од глобалното движење кое ги учи идните генерации – дека не е важно до триесеттата година да научат барем уште еден странски јазик, да завршат факултет, да бидат најдобри во некоја вештина, во спортот; туку дека животот нема смисла ако не си промискуитетен, пијан, избушен со пирсеви и безгранично глупав.Од друга страна, масовно се промовира бесмисленоста – промоција на насилство, материјални нешта и порнографија (на социјални