Медиумите кои не сакаат да известат дека СДСМ на протестите тепа недолжни граѓани, продолжуваат со своето непринципиелно и неизбалансирано информирање во корист на измислиците од Фабриките за афери од Бихаќка.ТВ 24 Вести и ТВ Телма вчера во еден блок на централните вести одвоија 2.285 секунди на тезите базирани на манипулативната пропаганда и измислиците на СДСМ, односно за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
Минатиот месец СДСМ доби речиси 50 часа за својата пропаганда во само еден програмски појас на овие телевизии, а реалната бројка е неколкукратно поголема кога ќе се земат предвид сите информативни блокови во текот на денот.
Од почетокот на јуни СДСМ доби 84.879 секунди во истиот програмски појас на овие две телевизии за ширење на своите лаги и манипулации.
Мегафоните на СДСМ како Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови портали кои ги шират лагите од Фабриките за афери на Чауш и Заев, вчера како и секој ден беа преполни со стотици текстови полни со измислиците од Бихаќка.
За СДСМ фер новинари се само оние кои молчат за „платеничката револуција“, молчат кога активисти на СДСМ тепаат луѓе по улици и јавно ги поддржуваат хулиганските насилни протести во кои се напаѓаат полицијата и граѓаните, се уништува државен имот и се вандализираат споменици.
За оние медиуми кои не се под диктат на Бихаќка, СДСМ ги нарекува политички непријатели, им се заканува со затвор, бара одземање на лиценци, а нивните активисти демолираат редакции и се закануваат по живот на новинари.
СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници меѓу медиумите. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола и во чија уредувачка политика постојано се меша.ТВ 24 Вести и ТВ Телма вчера во еден блок на централните вести одвоија 2.285