Медиумите од регионот пишуваат: Светска банка ја фали Македонија, ова е големо достигнување!

Република Македонија го зазема 10-тото место во извештајот на Светската банка, Дуинг бизнис за 2017-та година и е за две места подобро рангирана од минатата година, пишуваат медиумите од регионот.-Македонија е најдобро рангирана во категоријата за започнување на бизнис, каде се наоѓа на 4-то место. Во категоријата за плаќање на даноци е на 9-то место, за вадење на градежни дозволи е на 11-то, а во категоријата за заштита на инвеститори на 13-то место во извештајот, анализираат медиумите од регионот.
За овој голем успех на Македонија, медиумите од нашите соседни земји објавуваат само пофалби за нашата земја.

Експертите од Србија, пак, коментираат со голема гордост што нивната земја оваа година е меѓу 50-те најдобри, односно го зазема 47-мото место. За ова пишуваат како за голем успех кој го постигнала државата, но секако го споредуваат со успехот на Македонија и не штедат колку нашата земја постигна големо достигнување.
За важноста од овој извештај, согласни се експертите.
Директорот на Светската банка за Србија, Тони Верхејен вели дека Србија доживеала огромен успех . Тој јавно и честиташе на оваа земја за успехот, порачувајќи и дека со макотрпна работа може да стигнат и до првите 20.
Желбата на премиерот Александар Вучиќ, пак, е земјата да влезе меѓу првите 30.
Професорката Ана Трбовиќ вели дека ваквите листи и успеси се значајни за земјата, за инвеститорите, за работниците…
-Овој извештај носи признание за реформите во министерствата задолжени за оваа област, вели таа.
Единствени кои со негативен тон говорат и известуваат за ова големо признание за Македонија, се медиумите блиски до СДСМ и финансирани од СОРОС. Тие со доза на омаловажување известуваат за оваа значајна листа.-Македонија е најдобро рангирана во категоријата за започнување на бизнис, каде се наоѓа на 4-то место. Во категоријата за плаќање на даноци е на 9

Пронајдете не на следниве мрежи: