Медсен: Аферата „Пуч“ доаѓа директно од книгата за упатства на најпознатата тајна служба во светот

Станува збор за активност позната како класичен дезинформациски маневар да се инсинуира голем скандал за владата на премиерот Никола Груевски, зад која може да стои најсилната тајна служба на светот а Заев притоа да дејствува како „бомбаш самоубиец“ на СДСМ.Ова се однесува на актуелната афера со масивното прислушување на македонски политичари од власти и од опозицијата што ја обелодени челникот на опозицијата кој за тоа ја обвини власта, во ексклузивното интервју за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ, Вејн Медсен, американски истражувачки новинар кој ја истражува работата на американската Национална агенција за безбедност (NSA), чиј соработник бил, објавува „Макфакс“.
Медсен притоа додава дека „Ова е директно од книгата за упатства на CIA и во моментов се спроведува против аргентинска претседателка Киршнер, челничката на Бразил Дилма Русеф и на чилеанската Мишел Башеле, и сите тие се соочуваат со псевдоскандали подготвени од CIA и од медиумите што таа ги контролира и преку нив оперира“. „Во Македонија, медиумите што се под влијание на Сорос и Радио Слободна Европа се дел од оваа операција“, истакна Медсен.
Поранешниот американски разузнувач во интревјуто за „Гласот на народот“ направи оцена и на американските реакции, за тоа кои и како би биле вмешани евентуалните странски служби кои се споменуваат од самиот почетока на аферата „Пуч.“
„Тие се истите американски сили кои стојат зад изборот на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која ја нарекуваат ’Кралицата на НАТО’, зад уличните прорсти против премиерот Виктор Орбан во Унгарија, и зад дружината Порошенко – Јацењук во Киев. Тоа се Нуланд, Томас Мелија, заменик-асистентот државен секретар во Фондот за демократија, човекови права и труд кој дојде на оваа функција од Фридом Хаус, неоконзервативниот изум со база во Њујорк, Саманта Пауер и Сузан Рајс, кои стојат зад создавањето проблеми од CIA, и во Македонија и на други места во Европа и Евроазија. Директорот на CIA, Џон Бренан, пушти тајни оперативци на многу долг ремен“, вели Медсен.
Поранешниот американски разучнувач ги коментираше и неодамнешните избори во Грција, на коишто победи радикалната левица Сириза која направи коалиција со крајната десница Независни Грци. „Новиот министер за надворешни работи на Грција е поранешен просоветски комунист кој го поддржуваше генералот Војчех Јарузелски против Лех Валенса во Полска. Ова го иритираше челникот на ЕУ, Доналд Таск, таканаречен нео-војник од периодот на Студената војна од полското движење Солидарност финансирано од CIA. Иако грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис си игра ’валцер’ со европските банкари, односите меѓу Грција и структурите на ЕУ се на многу ниско ниво. Се надевам, дека грчката влада нема да биде водена од нејзините ксенофобични коалициони партнери, партијата Независни Грци, и ќе го запаметат денот кога имаше солидарност меѓу вистинските грчки социјалисти и социјалистичка Југославија, и дека ќе постигнат договор за името на Македонија, како и дека ќе го остават на страна грчкиот национализам во полза на анти-банкарската солидарност“, вели тој.

Медсен не го изостави од својот видокруг и телефонскиот разговор меѓу премиерите Груевски и Ципрас, и вели „Секој кој ќе биде означен како пријател на Путин ќе биде нападнат од ’кучиња на војната’ – Сорос/ЦИА/НАТО. Ништо поразлично не е и за Груевски. Со исклучок на Грција, Македонија е опкружена од про ЕУ/НАТО земји, вклучувајќи ја неверојатно и српската влада. Има смисла Груевски да направи конкордат со Ципрас и неговите министри од Сириза“, истакнува Американецот.
Запрашан од водителот за тоа кој би бил неговиот совет за македеонскиот народ „кој бара мир, економски развој, сувернитет, право да го избере името на земјата и крај на вештачки наметнатата изолација“, Медсен со одговор дека „Советот би бил – да не прифаќа ’спогодби’ со Нуланд и нејзините ’ционистички кланови’. Тие носат само неволја каде и да одат како што сведочи и Украина. Македонија треба да се спогодува директно со Грција без надворешни ’медијации’ од Вашингтон, Брисел или Берлин.
„Американската ’Кралица на погачата’ Викторија Нуланд, помошник државен секретар за европски и евроазиски работи, беше во центарот на обидот за државен удар ’обоена револуција’ против владата на македонскиот премиер Никола Груевски. Нуланд и нејината ’погача’ како потпис понудени на протестантите на киевскиот плоштад Мејдан кои на крајот ја отфрлија украинската влада на претседателот Виктор Јанукович се сведок на длабоката вмешаност на Америка во неуставните владини промени во источна и централна Европа. За да се одржи во чекор со моделот на ’обоените револуции’ на Џорџ Сорос/Џин Шарп, украинскиот пуч може да се нарече ’револуција погача’“, вели натаму соговорникот.
Тој вели дека „во Македонија, Нуланд и нејзините заговорници имаат направено многу одвратен вид на обид за државен удар, таков кој врз сегашната влада е спроведен сп прислушување на видовите комуникација на кои американската NSA ја изложува Македонија и остатокот од Европа на дневна основа“.
„Овојпат, Нуланд е во соработка со дел од македонското разузнавање во заговор со лидерот на опозицијата, Зоран Заев од поддржаната од Сорос – СДСМ, и неговата заменичка Радмила Шеќеринска, да предизвикаат ткн ’обоена револуција’ против владата на десноцентрираната ВМРО-ДПМНЕ на Груевски. Груевски, за разлика од многу американски инсталирани и инфлуенцирани влади во регионот, не беше подготвен да воведе санкции против Русија поради Украина. Тоа гледиште го предизвика за владата во Скопје непријателството на администрацијата на Обама и најзабележително на Нуланд, чиј сопруг Роберт Кејган ги води неоконзервативните воено настроени јастреби кои помагаат да се направат воените линии на сенаторите како Џон МекКејн и Линдзи Грахам“, оценува Медсен.
Како одговор на обвинувањето на Заев дека Груевски прислушкувал повеќе до 20 илјади македонски граѓани, вклучувајќи ги и телефонските повици меѓу Заев и неговата ќерка, Владата обвини дека Заев и неговите соработници, соработувале со странски разузнавачки служби, за соборување на владата на Груевски. На Заев му беше наредено да го предаде својот пасош поради можно бегство од земјата. Другите, покрај Заев, коишто беа обвинети за соработување со странска разузнавачка служба за соборување на владата се Соња Верушевска и Бранко Палифров, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (ДБК), Зоран Верушевски. Груевски го обвини Заев дека се заканил деча ќе објави чувствителни информации за неговата влада кои на СДСМ му ги дала наводно странска разузнавачка служба, во македонската јавности и медиуми препознатливи како „бомби“, доколку не биде формирана ткн техничка влада која ќе ги организира предвремени парламентарни избори, но дотогаш и ќе ја води земјата. Премиерот Груевски го нарече потегот на Заев „притисок со уцена“.
„Вулгарната Нуланд на маргините од Минхенската безбедносна конференција се сретна со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и претседателот Ѓорге Иванов за да го изрази своето незадоволство околу обвинувањата на Груевски против нејзиниот ’пријател’ Заев и неговите заговорници од СДСМ. Претходно Нуланд се понуди да биде медијатор на долгата расправа меѓу Грција и Македонија за употребата на името Македонија, кое некои Грци го сметаат за грчки ексклузивитет. Македонските набљудувачи ги видоа интересот на Нуланд околу расправата за името како стапица што ќе и’ овозможи на проамериканската влада, заедно со ционистичките и глобалните банкарски багажи што доаѓаат од таквите ’обоени’ државни удари, да ја зграпчат власта во Скопје, слично на тоа што се случи во Киев во почетокот на 2014 година“, вели Медсен.
Потсети притоа дека македонската полиција, во рацијата спроведена во Скопје и во Велес, заплени пет преносни компјутери, три статични компјутера, 19 мобилни телефони, 100 ЦД-еа и ДВД, 17 хард-диска и дури девет штедни книшки на припадници на чувствителните сектори во безбедносните органи.
„Употребата на социјалните медиуми од заговорниците на државниот удар не треба да нé изненади. Социјалните медиуми беа во самата суштина на ткн обоени револуции спонзорирани од CIA и Сорос, и тоа двапати во Украина (Портокаловата револуција и Евро-Мејдан востанието), Револуцијата на јасмините (Тунис), Лотосовата револуција (Египет), Розовата револуција (Грузија), Револуцијата на лалињата (Киргистан) и Зелената револуција (Иран). Во случајот на Македонија, постојат јасни индикации дека заменикот помошник државен секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд (ДРЛ) Томас Мелија, одговорен за работата на ова биро во Европа, вклучувајќи ги и Русија и Средниот исток и северна Африка, заговарале директно со Заев за да направат државен удар против владата на Груевски“, смета Медсен.
За Мелија, соговорникот истакнува дека е поранешен директор на Фридом Хаус, којашто ја смета за неоконзервативна група од периодот на Студената војна на американските военствени јастреби со седиште во Њујорк. „И покрај тоа што е формирана во 1941 година од такви прогресивци како што се Еленор Рузвелт, Ралф Банч, новинарката Дороти Томсон, новелистот Рекс Стут, и републиканскиот претседатески кандидат Вендел Вилки ,к ој ќе биде сметан од денешниве републиканци на САД како дијаметрално спротивно насочен либерал, Фридом Хаус стана неоконзервативен озборувачки извор што како членови на одборот во последните години има вработено јастреби како Пол Волфовиц, Кен Аделмен, Збигњев Бжежински, Доналд Рамсфелд и Ото Рајх. Фридом Хаус беше фатена на дело како ги канализира парите на CIA до опозициски групи во Иран, Судан, Русија и Кина. Во основа, Фридом Хаус, како и невладините на Сорос, служат како спроведувач на поддршката на CIA за бунтовничките опозициски сили во 12-ина земји во светот, земји во кои сега е вклучена Македонија, како и Унгарија, Венецуела, Сирија, Египет, Србија, Јордан, Мексико и Куба“, рече во разговорот за Програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце, Вејн Медсен, американски аналитичар и поранешен разузнавач.Ова се однесува на актуелната афера со масивното прислушување на македонски политичари од власти и од опозицијата што ја обелодени челникот на опоз

Пронајдете не на следниве мрежи: