Медведев прашан за љубовен совет од студент

Бидете настојчиви, беше советот на рускиот премиер Дмитриј Медведев на прашањето на студент во Краснојарск што треба да стори за да натера девојка да се вљуби во него.На средба со студенти од Сибирски федерален универзитет еден од нив го праша премиерот што да направи за да натера девојка да се вљуби во него.„Браво!”, беше првичната реакција на Медведев.„Како секој човек, што ли сé не сум видел што ли не уште ќе видам. Можам да кажам дека кога учиш на универзитет и си млад, можно е да не ги оценуваш правилно дури и сопствените чувства. И можеби токму во тоа е и убавината на студентската возраст. Затоа сега треба да бидете настојчиви. Ова го велам сосема сериозно. Знам од сопствено искуство. Штом манифестираш настојчивост во оваа работа, секогаш ќе го постигнеш резултатот, ако, се разбира, вистински го сакаш човекот со кого сакаш да го споделиш својот живот. Љубовта секогаш победува “, рече Медведев.
МакфаксБидете настојчиви, беше советот на рускиот премиер Дмитр

Пронајдете не на следниве мрежи: