Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, на денешната, 15.6.2016 година, прес-конференција ја информираше јавноста за одржувањето на третиот по ред Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“.„Општина Аеродром издвои средства од својот Буџет за овој меѓународен фестивал со цел да го збогати културниот живот на граѓаните и да ги развесели и разведри љубителите на театарот и комедијата“, изјави градоначалникот Коневски.
Директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, пак, изјави дека задоволството ќе биде огромно доколку изборот на претставите го погоди вкусот на публиката, бидејќи со големо внимание е одбран репертоарот за ова трето фестивалско издание.
Таа нагласи дека фестивалот има натпреварувачки карактер и дека тричлена жири-комисија ќе додели награди за најдобра машка и женска улога, за најдобра режија и најдобра претстава.
Инаку, претставите ќе се играат од 20-ти до 29-ти јуни, со почеток од 21:00 часот, на отворена сцена поставена во спортскиот центар „Ново Лисиче“, а влезот за сите претстави ќе биде бесплатен.
Ова е резултат на успешно спроведениот проект културно лето „Аеродром се смее“ во 2013 година што наиде на одличен одѕив кај публиката кога за претставите се бараше столче повеќе.
Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, рече дека Министерството ја поддржува оваа манифестација и еден од неговите приоритети е локалниот културен развој, бидејќи „културата треба да биде достапна до секој граѓанин“ и изрази задоволство што Фестивалот прерасна во традиција.„Општина Аеродром издвои средства од својот Буџет за овој меѓународен

Пронајдете не на следниве мрежи: