Во рамките на Културно Лето „Гази Баба 2017“ се одржа осмиот меѓународен фолклорен фестивал Гази Баба.На концертот учествуваа фолклорни друштва од Македонија, Полска, Турција, Австралија, Полска, Србија, Романија како и домаќинот- Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“.Фестивалот беше организиран од општина Гази Баба во соработка со Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“, а поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија и секоја година прераснува во фестивал посакуван за учество од културно уметнички друштва од Европа и светот.Фестивалските вечери се одржаа пред голем број посетители на неколку локации во Гази Баба: плоштадот во Автокоманда, во дворот на ОУ„Наум Охридски“ во н.м Булачани и во н.Железара во дворот на ОУ „Григор Прличев“.Фолклорните друштва се претставија со песни и игри, претставувајќи дел од фолклорот и традицијата на своите земји.На дел од програмата присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски заедно со градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.Градоначалникот Трајковски ги поздрави присутните учесници , како и гостите кои го следеа концертот.Фолклорните друштва со своите изведби, музика и прекрасните носии од своите држави ја воодушевија присутната публика.На концертот учествуваа фолклорни друштва од Македонија, Полска, Турција, Австралија, Полска, Србија, Романија како и домаќинот- Ансамблот за
Пронајдете не на следниве мрежи: