Меѓународен конгрес на стоматолози во Струга

„Справување со предизвиците во стоматологијата“ е тема на тридневниот Меѓународен конгрес на стоматолози, што од денеска до недела ќе се одржува во Струга во организација на Стоматолошкото друштво на Албанците во Македонија.Учесниците, како што истакна претседателот на Друштвото, Недим Касами, ќе имаат можност да се запознаат со најновите достигнувања во стоматологијата и ќе имаат можност практично, на модели да видат како функционира тоа.
– На конгресот ќе се третираат најновите достигнувања во областа на стоматологијата. Имаме три работилници каде учесниците директно ќе може да работат на модели. Ќе има многу интересни теми во сите области, имплантологија, естетска стоматологија, конзервативност, протетика…, информира Касами.
Според него, во Македонија малку се внимава за заштита на оралното здравје, но посочи дека стоматолозите се трудат да ги поттикнат луѓето, пред се децата бидејќи превентивата е најбитна.
– Кога ќе настанат проблемите потешко е справувањето, а превенцијата е многу битна и доволно внимание посветуваме во областа на детската и превентивната стоматологија, додаде пртеседателот на Друштвото.
На Конгресот учествуваат 20-тина врвни предавачи од Швајцарија, Турција, Хрватска, Косово, Албанија, Италија, Македонија…Учесниците, како што истакна претседателот на Друштвото, Недим Касами, ќе имаат можност да се запознаат со најновите достигнувања во стоматологијат

Пронајдете не на следниве мрежи: