Од денеска 11.11.2016 година (петок)/, па се до недела кога ќе им бидат врачени наградите на најдобрите, во просториите на „Здружението на слепи и лица со оштетен вид“, по 44 пат (16 меѓународен турнир), ќе се одржува традиционалниот „Меѓународен шаховски турнир на лица со оштетен вид“.Шахистите ги посети и го отвори турнирот градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
-Најнапред сакам да Ви го честитам јубилејот 70 години од постоењето на Националниот сојуз на слепите на Р.Македонија, како и успешното организирање на 44. традиционален Меѓународен шаховски турнир на лица со оштетен вид. Соработката помеѓу Град Скопје и Здружението на слепи трае во текот на целата година, не само на денот на одржување на овој турнир. И сакам да Ви ветам дека и понатаму ќе го поддржуваме овој турнир и ќе ја продолжиме успешната соработка со Вашето здружение, истакна градоначалникот Трајановски на отворањето на шаховскиот турнир.
Претседателката на Здружение на слепи и слабовидни лица, Благица Петреска, кажа дека се задоволни од соработката со Градот Скопје и побара на повеќе локации од градот да се постават тактилни патеки за да им се овозможи на лицата со оштетен вид полесно движење.
Меѓународниот шаховски турнир на лица со оштетен вид, ќе се одржува и во текот на викендот (12 и 13 ноември), а годинава во турнирот ќе учествуваат 39 шахисти од повеќе држави, од кој 32 ќе се натпреваруваат во машка и 7 во женска категорија.
Овој турнир речиси пет децении се организира во чест на Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември.
Градот Скопје од буџетот за спорт и млади за 2016 година за реализација на овој „Меѓународен шаховски турнир на лица со оштетен вид“ издвои 50.000 денари.Шахистите ги посети и го отвори турнирот градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
-Најнапред сакам да Ви го честитам јубилејот 70