Осмоодделенката Елена Стојкоска од општина Карпош е добитник на специјалната награда за почесна личност, на Меѓународниот натпревар по креативно пишување за млади што се одржа годинава во Токио, Јапонија. По тој повод денеска во ООУ „Владо Тасевски“ почесниот конзул на Јапонија во Република Македонија, нејзината екселенција Казу Лешниковска низ свечена церемонија ги врачи сертификатите и признанијата и на останатите учесници во овој меѓународен училишен проект.За најдобар есеј на тема мир, сертификати добија 11 основци од општина Карпош. Двете основни училишта, „Лазо Трповски“ и „Владо Тасевски“ кои по петти пат учествуваат на овој реномиран Меѓународен натпревар се стекнаа со признанија.
Во конкуренција од 148 земји од светот и над 12.000 учесници, проектот координиран од наставниците Стефан Симовски, Виолета Панев и Марија Туџарова, беше оценет како најдобар и ја вброи Македонија како еден од победниците во ова елитно натпреварување.
Литературниот натпревар го организираат Организацијата за образование наука и култура на ОН, фондацијата ГОИ од Јапонија и УНЕСКО, кој оваа година го одбележа 70 годишниот јубилеј од своето основање. Основците од Карпош, Димитар Пренџов, Олег Мирчевски, Тео Георгиевски, Виктор Тотиќ, Елена Стојковска, Лина Гегоска, Искра Илиеска, Лука Тасевски, Моника Алимова, Нина Толевска и Ристо Вељанов пишуваа за сите деца во светот и нивните права, желби и пораки на љубов и мир.
Тие ги пренесоа своите замисли како се гради мирот во нивните срца, покажаа дека јазикот е алатка и мост на спојување на многу земји и различни култури.
Младите поети поттикнати од креативната енергија и имагинација, му покажаа на светот како се надминуваат сите прерасуди поврзани со расата и религијата, уверувајќи нѐ дека мирот започнува во размислите на секој поединец, известуваат од Општина Карпош.За најдобар есеј на тема мир, сертификати добија 11 основци од општина Карпош. Двете основни училишта, „Лазо Трповски“ и „Владо Т