Во текот на денешниот ден /11.08.2016 година, четврток/ екипите на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија, екипите на државните претпријатија, АРМ и голем број на волонтери работеа на расчистување на сите населени места кои беа погодени од големото невреме во саботата. На терен се работи без застој, каде се работи со сите видови на механизација (камиони-скипови, со камиони и цистерни) која во најголем дел е од јавните и државни претпријатија, а голем дел е помош од другите општини во РМ, земјите од соседството, како и машинерија од домашни компании.На терен работат луѓе и механизација кои дојдоа на помош од други општини во Република Македонија, како и помош од странски држави, каде помошта составена од храна, лекови, ќебиња, хигиенски препарати и сл. се праќаат во прифатните центри, додека помошта во луѓе и механизација се праќаат на терен, согласно состојбите и приоритетните потреби.
На терен повеќе денови работат екипи и механизација од поголем број земји од соседството и регионот, а денеска помош пристигна и од Народна Република Кина, во вид на поголем број на ќебиња и душеци.
Денеска во Скопје пристигнаа екипи и возила за спасување од Истанбул, Турција, составени од 32 лица и 11 возила и механизација. П
ретставниците од Истанбул во прифатниот центар во ОУ „25 Мај“ остварија кратка средба со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на кого му ги пренесоа пораките на сочуство и жалење за загубените животи од градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш. Трајановски им се заблагодари на екипите и градоначалникот Топбаш за поддршката и помошта која ќе ја дадат во справувањето со последиците од катастрофалното невреме.
За потсетување, утре /12.08.2016 година, петок/, во периодот од 5 до 9 часот, ќе се изврши вонредна авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на поплавеното подрачје, односно од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче, Смилковци и другите населени места коишто се поплавени.На терен работат луѓе и механизација кои дојдоа на помош од други општини во Република Македонија, како и помош од странски држави, каде помошта со