Дали ви звучи вкусно полидиметилсилоксан? Епа, доколку често јадете во Доминос или Мекдоналдс, тогаш бидете сигурни дека истото го јадете.Деновиве се повеќе се вжештуваат дискусиите околу појавата на оваа хемикалија на етикетите на овие славни брендови за храна. Станува збор за полимерно соединение познато како силикон, кое се користи во пластелин, шампони, лакови, изработка ан медицинска опрема и многу други примени.
И покрај тоа што не е биоразградливо и му е намалена употребата за изработка ан импланти за гради од безбедносни причини, Американската асоцијација за храна и лекови ја одобрува употребата на ова соединение велејќи дека не е токсично, и дека е потребно во прехрамбените бои.
Според правилникот на асоцијацијата, дел 176.200, полидиметилсилоксанот е реаенс кој го спречува настанувањето на пена во храната. Зачудувачки е и фактот што оваа асоцијација ја одобрува и употребата на формалдехид, за кој се докажа дека е канцерогено соединение.
Доминос ги вбројува овие хемикалии како состојки во фурнарините, лебот од сирење и маслото од кромид и путер кое го користат во пицата. Мекдоналдс наведува дека овие хемикалии ги користи во маслото во кое ги готват компирите и парченцата пилешко познати како „Chicken McNuggets“. Во Вендис исто така ги користат овие хемикалии во маслото.
Оттука и прашањето зошто Американската асоцијација за храна и лекови одобрила вака тешки индустриски хемикалии да се користат во прехрамбената индустрија?
Многу истражувања покажале дека полидиметилсилоксанот го разложува формалдехидот на фисоки температури, при што може да дојде и до пожари и експлозии.
Ова само открива уште еден коруптивен скандал на Американската асоцијација за храна и лекови. Очигледно е дека големите моќници, шефови на големи компании објавиле војна на нашето здравје, и единствените кои можеме да се спасием од тоа сме самите ние. Затоа е најдобро да ја избегнуваме храната која се служи во рестораните споменати погоре.
Извор: collective-evolution.comДеновиве се повеќе се вжештуваат дискусиите околу појавата на оваа хемикалија на етикетите на овие славни брендови за храна. Станува збор за полиме