Доказ дека штрудлата не мора секогаш да биде блага. Меки солени штрудлички, полнети со крем сир, салама и кашкавал.Состојки:
600 мл вода
100 мл масло
40 гр свеж квасец
1 лажица шеќер
1 лажица сол
околу 1 кг брашно (меко тип 400)
Фил
Крем сир, салама, кашкавал (количина по избор)
Подготовка:
Во топла вода потопете го квасецот и шеќерот, измешајте па постепено додавајте брашно и мешајте.
Додадете сол и половина од мерката масло, па уште брашно за да се замеси меко тесто.
Тестото намастете го и оставете го да отстои 30 минути.
Кога тестото ке скисне, поделете го на 6 дела.
Од секое делче расукајте трака околу 50 см во должина и 15-20 см во ширина.
На секоја трака намачкајте крем сир, ставете изрендана салама и кашкавал па завиткате во штрудла.
Со нож исечете мини штрудлички (3-4 см) и редете ги во намастен плех.
Секоја штрудла премачкајте ја со масло и оставете да отстојат.
Од оваа мерка ќе ви излезат 3 полни големи плеха.
Нека киснат 15 минути па загрејте ја рерната на 200 степени и печете додека не поруменат.
Откако ќе се испечат повторно премачкајте ги со масло како и пред печењето – сосем малку.
Пријатно!Состојки:
600 мл вода
100 мл масло
40 гр свеж квасец
1 лажица шеќер
1 лажица сол
о