Меккејлеб ги „СРУШИ“ Грците!!!

Македонската кошаркарска репрезентација одигра одличен натпревар против селекцијата на Грција.Нашата кошаркарска репрезентација се подготвува за претстојното Европско Првенство што ќе се одржи во Словенија.
Совладана е селекцијата на Грција со резултат 77-75, откако при првиот дел резултатот гласеше 40-34.
Првата четвртина и припадна на селекцијата на Грција, со резултат 17-15, следеше повторно блиска позитива во втората четвртина каде Грците дојдоа до резултат 23-19.
Во второто полувреме одигравме одлична завршница, третата четвртина ја добивме со два поени плус, 18-20, додека пак последната и финална четвртина ја добивме со дури шест коша разлика, 17-23, што значеше многу значајна победа на нашата селекција од 75-77.
Во нашиот состав најефикасен беше Бо Меккејлеб со постигнати 25 поени, додека пак вреди да се спомене и одличниот Перо Антиќ кој забележа 16 поени на овој натпревар.
Натпреварот се одигра во Германија, Улм. Утре со почеток од 14,30 часот ќе одиграме пријателски натпревар со селекцијата на Германија.
Фото: АрхиваНашата кошаркарска репрезентација се подготвува за претстојното Европско Првенство што ќе се одржи во Словенија.

Пронајдете не на следниве мрежи: